• 0.jpeg
  • 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2019 година

Име на проектот:„Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство”

Донатор: Министерство за труд и социјална политика

Период на спроведување:јануари - декември 2019

Целна група:жртви и потенцијални жртви на семејно насилство

Опис на активноста:Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.

Постигнати резултати:

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:од вкупниот број на примени повици во текот на 2019 година – 420 на националната СОС линија, од наша страна се направени:

  • 358 упатувања до ЦСР,
  • 298 упатувања до полициски станици
  • 74 упатувања до здравствени установи
  • 21 упатувања до граѓански организации.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и надлежноста на институциите и организациите од цела територија на Република Северна Македонија. Во текот на 2019 година беше остварен директен контакт со:

  • Центрите за социјална работа – 217 пати
  • Полиција – 80 пати
  • Граѓански организации – 46 пати
  • Здравствени установи - 8 пати и
  • 1 директен контакт со Основно Јавно Обвинителство.

Згрижувања: во просториите на Кризен Центар „Надеж“ во текот на 2019 година беа згрижени вкупно 90 лица - 32 жени и 58 деца -  жртви на семејно насилство. Тие беа згрижени во кризниот период од 24-48 часа и за тој период им беше обезбедено храна, хигиенски средства, облека и лекарства. Во текот на престојот им беше обезбедена психо-социјална поддршка и советување, како и правни совети.

Едукации: остварени беа вкупно 131 едукации со 98 жртви на семејно насилство. Во текот на едукациите им беше дадена психо-социјална поддршка, беа разработувани планови за безбедност, детали за пријавување и упатување во случај на насилство, како и детални информации за динамиката на семејно насилство и беа разработувани доживувањата и нивното актуелно функционирање со цел емоционално да се зајакнат. Едукациите се одвиваа во време траење од 2 -3 часа, во зависност од потребите на корисничките.

Буџет: 1.105.000 МКД

 

 

Име на проектот: „Стоп за булинг -  Едукација на родители и деца“

Донатор: Општина Гази Баба

Период на спроведување: јануари – декември 2019

Целна група: Целна група се Граѓаните на Општина Гази Баба, а директни корисници се учениците од завршните одделенија од основните училишта во Гази Баба. Целното подрачје и локацијата каде што ќе се одвива проектот е Општина Гази Баба.

Опис на активноста:

А1- Претставник од тимот на Кризен Центар „Надеж“ учествува во локалната телевизиска програма.

Претседателката на Кризен Центар „Надеж“ учествуваше во утринска програма на Националната телевизија и во емисијата „Будење со Јулија“ на ТВ Сонце, на кои што беше претставен проектот и најавени активностите што ќе се реализираат во текот на годината.

А2- Подготовка и печатење на едукативните материјали од страна на тимот на Кризен Центар „Надеж“.

 Материјалите се состојат од едукативни текстови кои ќе им овозможат на учениците сами да проценат дали се наоѓаат во ризична ситуација како и начини за спречување на врсничкото насилство и заштита од истото. Материјалите ги подготви тимот на Кризен Центар „Надеж“ и беа испечатени во печатница „Теди Трејд Ком“.

А3- Организирање работилници во месните заедници

Во текот на годината почнувајќи од месец април до август, КЦ „Надеж“ започна со реализација на работилници во месните заедници што се наоѓаат на територија на општина Гази Баба, односно во населбите Маџари, Ченто и Хиподром и селата Трубарево, Булачани и Идризово. Работилниците се организираа во соработка со локалните граѓански организации, а на нив учествува ученици од завршните одделенија од основните училишта и нивните родители, како и просветните работници од основните училишта. Работилниците беа реализирани и водени од експерти – психолози и социјални работници, а на нив се зборуваше за врсничкото насилство, видови и последици, како и за заштита од истото и спречување на насилството во училиштата. Работилниците траеја по 2 часа со видео презентации и практични вежби за учесниците. Во тек се подготовки за организирање на работилници во населбите Автокоманда и Железара, како и во с. Стајковци.

А4-Подготовка и печатење на пораки за борба против семејното насилство.

Пораките против врсничкото насилство ги подготви тимот на Кризен Центар „Надеж“ а беа испечатени пред одржување на активностите од печатницата Теди Трејд Ком, и беа дистрибуирани и поставени во месните заедници пред одржувањето на работилниците. Пораките се со цел да послужат за зголемување на свесноста за борбата против врсничкото насилство и истите имаат и улога за зголемување на самодовербата на жртвите и потенцијалните жртви.

А5-Изработка на завршен извештај.

Извештајот е изработен пред завршување на целосниот проект од страна на координаторот на проектот, во два дела – наративен и финансиски. За активностите кои се во подготовка и не се сѐ уште реализирани, ќе се достави дополнителен извештај до крајот на годината.

Постигнати резултати:

  • Медиумски презентиран проект на национална телевизија.
  • Испечатени и поделени едукативни материјали
  • Испечатени и залепени постери и пораки за борба против семејното насилство
  • Одржани 9 работилници со ученици, наставници и родители во месните заедници во општина Гази Баба
  • Зголемена свесност за врсничкото насилство и неговите последици

Буџет: 300.000 МКД

 

 

Донација од Скопскиот полу-маратон

Двајца учесници на Скопскиот полу-маратон од Велика Британија, Кристофер Браун и Стенли Харви, одлучија учеството на маратонот да го посветат на поддршката на жртвите на семејно насилство и организираа fund-raisingза поддршка на Кризен Центар „Надеж“. Собраните средства беа искористени за организирање трибини и едукации со општата популација за препознавање на проблемот семејно насилство и пријавување до соодветните институции.

 

16 дена активизам во борбата против семејното насилство

Организирана улична акција на територија на општина Гази Баба.

Поделени информативни флаери, организирани разговори со локалните жители со топол чај и колачи, пораки за поддршка на борбата против семејното насилство.

 

 

Учество во акцијата „Нахрани 10.000“ во организација на мрежата Сите Сити

Кризен Центар „Надеж“ како дел од мрежата Сите Сити, учествуваше во две хуманитарни акции во организација на мрежата за собирање храна за помош на социјално загрозените и ранливите категории на граѓани. Едната акција се одржа во април, а другата во октомври 2019 година и во текот на акциите беше собрана храна која беше поделена на 16 кориснички на услугите на Кризен Центар „Надеж“.

 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...
2017
Активности на Кризен Центар „Надеж“ за 2017 година   Проект: Проговори против семејното насилство Цел на проектот:Подигање на свесноста за проблемот семејно насилство, ...
2018
ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2018 година Име на проектот: „Стани свесен, препознај и пријави“ Донатор: Австралиска Амбасада Белград Период на спроведување: декември 2017 – јуни 2018 ...
2019
ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2019 година Име на проектот:„Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство” Донатор: Министерство за труд и социјална политика Период на спроведување: ...
2020
Проект: Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба Целта на овој проект е прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита преземени во ...

Новости

Avon
Недела, 15 Ноември 2020
2020
Вторник, 19 Мај 2020
Проект: Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба Целта на овој проект е прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита преземени во кризна ситуација...

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top