• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

Услуги

1.      Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 и Телефонот на Доверба 02/3 173-424 )

Националната СОС линија и Телефонот на Доверба се достапни за целата територија на Р.Македонија, 24 часа седум дена во неделата. Информациите што се споделуваат на СОС телефонот се доверливи и се внимава на зачувување на приватноста. На линиите работи персоналот на Кризен Центар Надеж, односно обучените волонтери и супервизори кои во зависност од природата на повикот ги упатуваат жртвите или потецијалните жртви на семејно насилство кон понатамошните чекори и мерки за заштита во зависност од нивните потреби и во согласност со нивниот интерес. Персоналот е добро обучен за работа во кризни ситуации, слушање и комуникациски вештини, ресурси на заедницата, родови, религиозни и културни прашања.

2.      Емоционално зајакнување и првична правна помош преку едукација на жртви на семејно насилство.

Со едукацијата жртвата добива соодветна психосоцијална помош, охрабрување, советување и поттикнување за изнаоѓање на соодветно решение за нејзиниот проблем. Едукативните сесии со жртвите на семејно насилство кои се водени од  професионален тим (психолог, социјален работник и правник кои воедно имаат посетувано и обуки за постапување со жртви на семејно насилство), имаат за цел поддршка и јакнење на жртвата при донесувањето на важни одлуки за нејзината иднина, како и зголемување на свесноста за можностите кои ги има, особено по однос на правните процедури кои можат да ги иницираат и изработка на документи. Едукацијата се одвива во посебна просторија во рамки на просториите на Кризен Центар “Надеж” и е со времетраење од отрпилика час и половина, во зависност од проблемот кој го има жртвата и таа може да се повторува.

3.      Згрижување, обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа со капацитет за сместување на 5-7 жртви на семејно насилство

Освен тоа што на жртвата и се обезбедува згрижување,  исто така и се обезбедува заштита, психосоцијална поддршка, советување, задоволување на нејзините елементарни потреби (храна, облека, постелнина, хигиенски средства и лекови). Воедно се оставрува и контакт и придружба до други релевантни институции од кои жртвата има потреба со цел изнаоѓање на трајно решение за надминување на нејзиниот проблем, односно нејзино подолгорочно сместување.  

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top