• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

Семејно насилство

Дефиниција за семејно насилство:

a) Со Законот за семејство се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст. Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема: - брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство; - поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството; - браќа и сестри, полубраќа и полусестри; - постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство; - лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница.

б) Во Кривичниот законик семејното насилство е дефинирано како: малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувcтсвo на несигурност, загрозување или страв, спрема брачен другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи.

Физичко насилство

  • Удирање, тепање, давење, туркање, удирање шлаканици, клоцање, влечење за коса, гризење, виткање на раката или горење
  • Спречување партнерот да го напушти
  • Удирање со предмети или закана за удирање со предмети
  • Заклучување на партнерот во домот
  • Одбивање партнерот да побара помош или медицинска грижа
  • Принудена злоупотреба на супстанци ( алкохол, дрога)
  • Лишување на партнерот од потребните лекови
  • Вмешување и контрола во задоволување на основните физички потреби на партнерот (на пример храна или спиење)
  • Кршење, оштетување, крадење или продавање на имотот на партнерот
  • Закана за употреба или употреба на оружје против партнерот (на пример, чекан, нож, пиштол)
  • Удирање на врати или ѕидови
  • Следење на партнерот

Психолошко насилство

  • Вербални закани
  • Понижување на партнерот пред семејството, пријателите или пред непознати луѓе
  • Навредување и употребување навредливи зборови
  • Постојано критикување или деградирање на жртвата
  • Викање со цел да се заплаши жртвата
  • Постојано обвинување на партнерот
  • Опсесивна љубомора и обвинување за неверство
  • Влевање на верување кај партнерот дека „што и да направи нема да биде добро“
  • Злоупотреба или закана за повредување на децата на жртвата, дури и кога намерата е емоционална штета врз партнерот преку децата
  • Закана на насилникот дека ќе се повреди самиот

Економско насилство

  • Забрана на партнерот да работи
  • Загрозување на вработувањето на партнерот преку креирање конфликтни ситуации на работа, закани да не оди на работа поради повреди или принудена злоупотреба на супстанци
  • Контролирање на придонесите, сметки во банка и заедничката сопственост
  • Барање на сметките на партнерот за сите пари што ги троши
  • Одземање на кредитни картички, пари и др.
  • Фалсификување на потписот на партнерот
  • Непромислени трошоци и финансиско задолжување

Сексуално насилство

  • Непосакувано/несакано допирање
  • Понижувачки забелешки за телото и изгледот на партнерот
  • Минимизирање на сексуалните потреби на партнерот
  • Критикување на партнерот за неговата сексуална историја
  • Присилување на секс или сексуални активности без согласност од страна на другиот партнер
  • Употреба на сила или грубост за присилен секс
  • Силување со употреба на предмет
  • Одбивање на барањето на партнерот за секс со заштита
  • Присилување на партнерот за секс со други лица
  • Изложување на парнерот на сексуално преносливи болести
  • Третирање на партнерот како сексуален објект
  • Критикување на сексуалната перформанса
  • Несакани садистички сексуални активности
 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top