• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

Сведоштва на жени жртви на насилство 

 

Бев малтретирана цели 12 години и психички и физички. Животот ми беше пекол, секојдневна тортура. Прво мислев се ќе помине, се надевав многу дека ќе се смени, но не испадна така, се смени да, но на полошо, стануваше се полош и полош. Кога ја изгубив надежта дека нешто ќе се смени, велев ајде поради децата, греота се, правилно е да растат со двајца родители. Но не било така, не е само да имаат татко, најважно е каков татко имаат, на децата им требаше здрава средина за живеење, а јас немав храброст, ми беше страв да го оставам, постојано бев под притисок и со закани дека ќе ме убие. Колку повеќе се трудев, толку повеќе тонев.. Но се има граница, пресудна беше ноќта кога толку многу ме претепа и понижи и тоа пред децата, што не знаев за себе... И тогаш реков ДОСТА Е.. Јас таа вечер ја донесов најдобрата одлука во мојот живот и си реков „мечка страв, мене не“, се спакував и си отидов. Се заколнав самата на себе дека повеќе никогаш нема да се вратам, затоа што знаев дека ако се вратам си го потпишувам моето самоубиство. Се натерав себе си да бидам силна и да не потклекнувам пред него, си ја вратив самодовербата затоа што знам колку вредам сега кога сум сама и сега кога имам мир... Никој не заслужува да живее живот со тортури и без трошка почит и не, не е судбина, сами си ја кроиме судбината, ако ја чекав судбината страв ми е да помислам каква ќе беше таа. Сега живеам сама со моите деца и живеам нормален и мирен живот oнаков каков што отсекогaш посакував... Сеуште се плашам и живеам со страв, но спокојна сум бидејќи моите деца не се повеќе сведоци на случувањата... и горда сум што успеав да ги заштитам нив. Работите полека но сигурно се враќаат во нормала. Вреди, и тоа како вреди што заминав и во ниту еден момент не се покајав затоа што знам дека јас и моите деца заслужуваме мнооогу повеќе и мнооогу подобар живот од тој што го имавме...


„14 години ги поминав во брак, брак направен пекол. Денови исполнети со страв, дали и денес ќе бидам истепана. Решив да ставам крај на таквиот живот. Го напуштив! Сега сум среќна, ми се врати самодовербата и спокојот !!! “


 

Јас трпев насилство во врска. Неколку пати заминував и пак се враќав кај дечкото. Се додека не дојде она, конечното. Сфатив дека не можам да продолжам да живеам во страв кога ќе се случи следната сцена, дали тој ќе ме чека пред влез, дали ќе дојде на моето работно место и така постојано во истиот круг...Да! Стравот беше она што ми влијаеше да одлучам дека треба да ставам крај на сето тоа. Сфатив дека тој никогаш нема да се промени а јас не сакам да живеам така. Сега после некое време од истата таа врска, се чувствувам слободна и силна, без страв да одам по улица или да влезам во влезот на мојата зграда. Најбитно во целата оваа приказна ми беше поддршката од родителите и моите пријатели.

 
 
 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top