2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство”
Цел на проектот:
Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со кој е искористено нашето долгогодишно искуство во справувањето со овој проблем, излезе во пресрет на нашата заедничка целна група, жртви на семејно насилство од целата територија на Република Македонија, од сите возрасни групи независно од нивната национална припадност, верска припадност, социјален статус, на кои им е потребно згрижување. Воедно се олесни и работата на државните институции преку обезбедување на навремена и соодветна заштита и згрижување на жртвите на семејно насилство и секако преку поддршката за функционирањето на Националната СОС линија, 15-315,достапна 24 часа секој ден на која работат обучени волонтери.
Активности:
- Стручна помош и соодветни информации добиле 1027 жртви, односно потенцијални жртви на семејно насилство.
- Згрижени 31 жени и 11 малолетни деца, жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.
- Упатени 667 жртви на семејно насилство, односно остварен контакт со соодветна институција.
- Зголемување на човековите ресурси со соодветен кадар.
2010/2011 ,,Вмрежување за намалување на семејното насилство”
Цел на проектот:
Да ја зголеми информираноста на граѓаните во дадените општини за проблемот на семејното насилство, олеснување на пристапот до информациите и заштитата и сместувањето на жртвите или потенцијалните жртви на насилство, зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите на системот. Цел на овој проект е и приклучување на Општините Осломеј и Општината Жупа, преку претставници од релевантни институции кон работата на Координативни тела за превенција на семејно насилство во Општина Дебар и Кичево.
Главни активности на овој проект се: Организирање на јавни трибини, организирање на обуки за Граѓански организации за работа на Телефоните на Доверба, печатење и делење на едукативниот материјал и подготвување и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу членовите на ЛКТ и редовни средби со Координативните тела.
Резултати:
- Отворени Телефони на доверба во Дебар и Кичево
- Обучени 30 волонтери за СОС консултација на жртви на семејно насилство
- 315 граѓани едуцирани за семејното насилство
- Дизајнирани, испечатени и дистрибуирани 3000 едукативни лифлети
- Зголемен степен на присутност на репортажи, статии и програми во локалните медиумиво врска со работата на Локалните координативни Тела во Кичево и Дебар, локалнате СОС линии, информации во врска со јавните трибини и за самиот феномен на семејно насилство.