• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

 

2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“ 

Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство и Телефоните на Доверба, понатаму едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Резултати:

- 1250 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветни информации.

- Упатени 615 жртви на семејно насилство до Центри за социјална работа и Полиција.

- Згрижени 32 жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.

- Едуцирани 76 жртви на семејно насилство (емоционално зајакнување и правно советување).

 

2012 Вистинска помош и поддршка за живот ослободен од насилство

Општа целУнапредување на пристапот и стратегијата за поддршка на жртвите на семејно насилство.

Цел на прокетотНапредно зајакнување на жртвите на семејно насилство преку грижа за нивното психичко и телесно здравје.

Резултати:

- Стабилизрање и растоварување од непријатни чувства на 15 жртви на семејно насилство преку одржување на 4 работилници.

- Дизајнирани и испечатени 1000 флаери и 500 постери на македонски и албански јазик со информации за СОС линиите на Кризен Центар ,,Надеж” и останатите услуги кои ги нудиме.

 

2012 Подигање на свеста на професионалните структури кои работат на заштита и превенција од семејното насилство во рамки на Центрите за социјална работа

Цели на проектот:

1. Развој на капацитетите на стручните лица кои работат на економско јакнење и развој на кариера кај жртвите на семејно насилство.

2. Развој на вештини за комуникација и тимска работа на стручните лица од Центрите за социјална работа и останатиот ланец на институции.

Во насока на остварување на целите на проектот, одржани беа серија на обуки за 60 стручни лица од Центрите за социјална работа, разработени во три модули со различна тематика и тоа: развој на кариера, тимска работа и мултисекторска соработка.

 

2012 Програмата за јакнење на капацитетите 

Кризен центар ,,Надеж” учествуваше во групата на развиени и напредни организации во Програмата за јакнење на капацитетите во рамки на ТАКСО, која започна во мај 2012 година. Притоа помина низ процес на оценка на организациските капацитети и изготви план за градење на капацитетот со консултантска поддршка и неколку работилници во приоритетните области утврдени со планот за градење на капацитетот. Планот вклучуваше 4 развојни приоритети кои се однесуваа на Стратегиски менаџмент, Проектно работење, Човечки ресурси и Медиуми и односи со јавност, а консултантска поддршка и работилници од тимот на ТАКСО беше обезбедена по однос на 2 развојни приоритети и тоа Стратегиски Менаџмент и Проектно работење.

 

2012/2013 Превентивни работилници за девојки и млади жени

Цел на проектот: Подигање на свеста на девојките и младите жени за насилството врз жените

Специфични цели сеДа им се помогне на девојките и жените учеснички да ги идентификуваат своите ставови и вредносни судови и да ги подесат со помош на добиени увиди. Крајната цел е да им се овозможи на учесничките да го разгледаат проблемот од различни перспективи или да започнат да гледаат на насилството како на можна причина за проблеми.

РезултатиРеализирани 8 едукативни работилници со млади девојки и жени со теоретска и практична покриеност на појавата на насилството врз жените, како и со вклучување на документарни филмови на оваа тема, сведоштва, приказни од жртвите и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

 

2012/2013 Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош кои организациите ги обезбедуваат за жртвите од семејно насилство во Македонија“ 

Главната цел е да се воспостави, да се промовира и да се стави во функција модел за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош за жртвите од семејно насилство кои се обезбедуваат од невладините организации.

Кризен центар ,,Надеж” учествува во проектот како упатувачки центар до останатите три канцеларии преку СОС линијата, како и со обезбедување на првична правна помош. Останати партнер организации се Организација на жени на Општина Свети Николе и експозитурата на ЕХО во Струмица во тесна соработка со Организација на жени - Струмица. Носител на проектот е ЕХО Штип.

 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top