• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“

На 10.01.2013 и 11.01.2013 година како дел од третиот стратешки приоритет „Развој на експертиза и капацитети на персоналот“ од Стратегискиот план 2013-2015, се одржа дводневна обука која ја организираше Кризен Центар „Надеж“ под наслов „Стандарди за квалитет и предизвиците во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“.

Обуката ја водеше Maria Rösslhumer од Австрија (извршен директор на WAVE – Women Against Violence Europe), експерт во областа на семејното насилство врз жените, родовото насилство, семејното насилство и родовата еднаквост. Обуката се одржа во просториите на Кризен центар „Надеж“ и во неа учествуваше целиот персоналот на Кризен центар „Надеж“. 

Обуката ги опфати следниве теми: Дефиниции и облици на насилството врз жените; Влијание на насилството врз жените и децата; Стандарди за квалитет на услугите и предизвици кај различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата; Дефиниција и терминологија на сексуално насилство против жени и девојки и Советување преку интернет.

 

2013 „Препознавање на проблемот на насилството врз жените - прв чекор кон негово решавање“

Цел на проектот: Подигнување на свеста кај средношколците и младите девојки од руралните средини за проблемот на насилство врз жените.

Резултати:

1. Одржани две работилници со средношколци/ки на територијата на Општина Гази Баба. Преку овие работилници се влијаеше во насока на зголемување на свеста кај средношколците/ките за проблемот на насилството врз жените, со посебен акцент на сексуалното вознемирување, односно да научат да го препознаваат насилството, последиците како и начините на заштита. Воедно работилниците послужија за добивање на првични информации од младите за искуства со сексуално вознемирување и препораки во врска со идни чекори и стратегии за справување со овој вид на насилство.

2. Одржана една работилница со млади девојки од руралните средини на територија на Општина Гази Баба. Учесничките се поттикнаа да ги препознаваат пошироко сите форми на насилство врз жените во нашата средина, да дискутираат отворено за искуствата, меѓутоа и меѓусебно да се поддржуваат.

 

2013 „Денови на образование и кариера“

Кризен центар „Надеж“ од 10.04.2013 до 12.04.2013 беше дел од манифестацијата „Денови на образование и кариера“ 2013 на Скопскиот Саем, каде имаше свој штанд во рамки на ТАКСО и посетителите можеа да се информираат за работата на центарот. Исто така на 12.04.2013 во 15:00 часот одржавме презентација под наслов „Насилството врз жените - само бледа сенка на семејното насилство“.

2013  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство

Општа цел: Прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита

Специфични цели:

1. Континуирано обезбедување на услуги за заштита на жртвите на семејно насилство од страна на Кризен центар „Надеж”

2. Подигање на свеста кај младите девојки за препознавање на насилството врз жените.

Во текот на 2013 година на жртвите на семејно насилство им беа достапни следните услуги: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство и Телефоните на Доверба, понатаму едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Резултати:

1. 1181 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветно информации.

2. Упатени 553 жртви на семејно насилство до Центри за социјална работа и Полиција.

3. Згрижени 35 жени и 15 деца жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.

4. Едуцирани 94 жени жртви на семејно насилство (емоционално зајакнување и правно советување).

5. Изработени и дистрибуирани 1000 флаери и 200 постери.

 

2013 V Day Македонија

29 април 2013 година во Универзална Сала во Скопје од страна на V Day Македонија, по втор пат беше организирана изведбата на претставата „Вагинални монолози“ од Ив Енслер. Учеснички во претставата беа девојки и жени, активистки и жени од јавниот живот кои споделуваа сведоштва за уникатни искуства поврзани со љубовта, раѓањето, сексот, насилството, силувањето...Собраните средства во 90 % ќе бидат донирани во Кризен центар „Надеж“,додека останатите 10% во V Day Америка, кои ќе ги наменат како помош за Демократската Република Конго.

На овој настан му претходеа пет работилници на темата насилство врз жената и семејно насилство, како и настанот „Една милијарда се крева против насилство“ кој беше проследен и со танц како протест за запирање на насилството во светот.

Исто така во рамки на Факултетот за родови студии беше прикажан документарниот филм „Додека насилството не запре”, како и обезбедување директна поддршка (зајакнување и правно советување) на минимум 10 жени кои пријавиле насилство во Кризен центар „Надеж“.

 

2013 "Не се работи за нивниот договор, туку за твојата слободна волја."

Цели:

1. Обезбедување на продлабочено знаење за договорени бракови помеѓу адолесцентки и млади жени од различна етничка заедница од општина Куманово.

2. Идентфикување на специфичности во случаите на договорени бракови.

3. Зголемување на видливоста на проблемот на договорените бракови.

Резултати:

1. Беа одржани четири едукативни работилници за адолесцентки од Албанска, Македонска и Ромска националност во Куманово.  На работилниците присуствуваа 120 учесници, кои доаѓаа од урбани и рурални средини.

2. Изготвување и дистрибуирање на 300 брошури на Македонски и Албански јазик. Брошурите содржеа информации за насилство врз жени, специфични информации за договорени бракови, надополнети со искуства во врска со таквиот тип на насилствоод учесничките на работилници.

3. Правење на кратко видео на темата. Видеото беше подготвено по добивање информации од искуствата на учесниците на работилницата за договорени бракови.

 

2013 "Соработка со РЕ - МЕДИКА"

Од  Декември 2013 година отпочна соработка помеѓу Кризен центар ,,Надеж”и „РЕ - МЕДИКА”Прва приватна општа болница во Република Македонија со цел усвојување и спроведување на ефективни, сеопфатни и координирани мерки и активности во поглед на превенцијата, заштитата и поддршката на жртвите. Во рамки на своите можности, Ре-Медика е согласна да обезбеди поддршка за работата на КЦ „Надеж“ во насока на: унапредување на квалитетот на специјализираните услуги за поддршка на жртвите на семејно насилство, кои ги обезбедува КЦ „Надеж“, и поуспешна реализација на превентивната програма на КЦ „Надеж“ за спречување на насилството врз жените и семејното насилство.

2013 "Хуманитарна акција"

Кризен центар „Надеж“ во соработка со V Day Macedonia, од 7-ми до 10-ти ноември 2013 година, организираше голема хуманитарна акција во маркетите на Веро во Скопје. Хуманоста на граѓаните резултираше со пакети полни со храна и хигиенски производи, кои беа наменети за жените жртви на семејно насилство.

На ден 04.12.2013, во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилството врз жените, производите кои беа собрани во текот на акцијата, им беа донирани на жени жртви на семејно насилство.

 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top