• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“

Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика со цел зајакнување на капацитетите за справување со насилството врз жените и семејното насилство.

 

2014 "Соработка со ЈЛ Морено"

Во Февруари 2014 година,Кризен центар „Надеж“ отпочна соработка со Здружението за психодрамско искуство и обука ЈЛ Морено со цел обезбедување на психолошка поддршка во насока на личен раст и развој за жените жртви на семејно насилство. Формираната група за поддршка водена од обучени професионалци кои ќе работат под супервизија, отпочна со работа во месец Мај 2014 година.

 

2014 Подобрување на квалитетот на услугите за жените жртви на семејно насилство

Со финасиската поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија ќе се адресира проблемот на функционалност и безбедност на просториите кои ги користи Кризен Центар „Надеж“ за едукација и згрижување на жени жртви на семејно насилство. Имено, ќе се реновираат санитарните простории, ќе се постават метални решетки на прозорците и метална врата, и ќе се изврши молерисување на целиот Центар.

Проектот ќе се реализира во период од два месеци, односно од 25.08.2014 до 24.10.2014 година во партнерство со Општината Гази Баба. 

 

2014 „Моето тело е мој избор и моја слобода“- стоп за сексуалното насилство над девојките

На 26.11.2014 година, Кризен Центар „Надеж“ како една од предвидените активности во текот на 16те дена активизам против родово базираното насилство, одржа улична акција. Акцијата беше одржана на плоштадот во Автокоманда, во 12 часот, под мотото „Моето тело е мој избор и моја слобода“- стоп за сексуалното насилство над девојките.

Акцијата истовремено се одржа во неколку држави во регионот: Србија, Б и Х, Албанија и Црна Гора.

Со оваа акција сакаме да им испратиме порака на сите жени и девојки, дека имаат право на слобода и заштитеност на сопственото тело, и дека никој нема право да им го ограничува тоа или да го оспорува.

 

2014 „16 урбани момци креваат револуција“ 

„16 урбани момци креваат револуција“ е  кампања на Кризен Центар „Надеж“, во која 16 момци, од различни професии, кои ѝ се познати на пошироката јавност преку нивната работа, посветеноста и стилот со кој тоа го прават, и кои се позитивен пример на однесување, испраќаат пораки против насилството врз жената.

16 момци, за 16 дена активизам! Сите имаа различна порака, но беа едногласни дека борбата против насилството врз жената треба да трае 365 дена!!!

 

Огнен Узуновски- Оги (Сопственик на кафе бар „Излет“ и клубот „Сектор“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „У 7 милијарди на планетава, ако дојдеш во ситуација да тепаш жена, треба да си вистински идиот“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Мартин Видоевски (Менаџер и фитнес инструктор во Спортски центар „Јане Сандански“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Смислата на мажот и силата на мажот е да ја заштити својата љубена, не да се истура и докажува машкоста врз неа!“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Горјан Ѓорѓиев (уметник) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Кога би си ја дозволиле вистината дека не е во име на: Отецот, Синот и Светиот дух, туку во име на: таткото, мајката и плодот, светот би бил поубаво место за жената“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Горан Миќиќ (Тату артист во MG tattoo студио) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам што е со маживе што тепаат жени, за мене жената е створена за љубов“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Влатко Васиљ (Менаџер за социјални медиуми во Element PR) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Силата на мажот не е во тоа колку силно удира, туку во тоа колку нежно допира“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Огнен Бражански (Кајакар и тренер во „Фитнес револуција“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Искористете ја енергијата на поинаков начин“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Иво Антов (Продуцент, автор и креативен директор на филмскиот фестивал за млади „Џифони“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Човек треба да се бори за своето семејство, а не со него. Одбивајќи да удриш некого, одбиваш да го мразиш“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Фицка (Менаџер во Concept 37) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Има многу убави работи да и се прават на жената...“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Гоце САФ (Продуцент и DJ) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената не се тепа, НИКОГАШ!“

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Борче (Гитарист на „Суперхикс“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Мази ги жените“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Трендо (Уредник на off.net.mk) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената е прекрасен цвет, жената е птица в лет, кој не почитува жена, тој е глуп“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Марко Новески (Водител) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жените се за сакање, теписи се за мавање“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Тадијан Дебаловски (Сопственик на клуб „Блок 20“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Единствено нешто кое нѐ разликува од животните е разумот- затоа, користете го“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Владимир Пешков (Hip hop artist) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Удри си шамар сам, за да видиш колку боли!“.

Photo credit: Александар Стојковски.

 

Томислав Тодоровски (дел од менаџерскиот тим на Pull & Bear) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам зошто срамот од насилството го носи жената, за мене срамот и понижувањето во овој случај му припаѓаат на мажот. И мислам дека таквите мажи треба да се лечат“.

Photo credit: Александар Стојковски.  

 

Марко Ѓурѓиќ (Продуцент на „Зад Аголот“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Немој да им го правиш на жените она што не сакаш да и се случува на твојата мајка, сестра или ќерка. - Mојата мајка“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Идејата за кампањата ја развија и реализираа: Драгана Маневска- Координаторка на СОС линијата, Ивана Костовска- Координаторка за едукација, згрижување и бесплатна правна помош, дел од тимот на Кризен Центар „Надеж“. Фотографиите ги направи Александар Стојковски.

 

2014 Посета на Амбасадорката на Сојузна Република Германија

На 10 Ноември 2014 година Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Д-р.Кристине Д. Алтхаузер беше во посета на Кризен Центар „Надеж“.

Разгледувањето на реновираните простории беше дел од завршниот настан на проектот „Подобрување на квалитетот на услугите за жените жртви на семејно насилство“ во кое учествуваше и Градоначалникот на Општината Гази Баба,  Тони Трајковски.

Во рамки на посетата Амбасадорката се запозна подетално со работата на нашата организација, со волонтерките кои обезбедуваат директни услуги за поддршка, како и со проблемите кои се соочуваме во заштитата на женте жртви на семејно насилство. Воедно се споделуваа искуства и резултати од реализираниот прокет кој беше поддржан од  Амбасадата на Сојузна Република Германија.  

 

2014 Благодарност до ЕВН Македонија

Кризен Центар „Надеж“ беше една од трите организации кои учествуваа во хуманитарното издание на наградното шоу Среќно семејство на 03.11.2014 година, организирано од страна на ЕВН Македонија.

Семејството кое се натпреваруваше за нашата организација го освои првото место, односно износ од 61.500 денари, кои од страна на ЕВН Македонија беа донирани во Кризен Центар „Надеж“.

Средствата ќе бидат искористени за обезбедување на храна, облека, хигиенски средства, медикаменти и превоз на жените и децата жртви на семејно насилство згрижени во нашиот кризен центар, како и за одржување на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство.

 

2014 Билатерален семинар против насилството врз жените со попреченост

На 3 Декември 2014 година, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, тимот на Кризен Центар „Надеж“учествуваше во Билателарниот семинар против насилството врз жените со попреченост. Семинарот беше поддржан од Сојузното министерство за труд, социлајни работи и заштита на потрошувачите на Австрија, претставувано од страна на аташе М-р.Харалд Фугер.

На семинарот, покрај нашата организација, учестуваа и други невладини организации од нашата земја, односно претставници на Полио Плус и ЕСЕ, Министерството за труд и социјална политика на Р. Макдонија и експертката Клаудија Шпренгер од Лудвиг Боцман Институтот за човекови права во Виена.

Учесниците преку групна дискусија и работа во групи направија кратка анализа на ситуацијата во Македонија, идентификување на главните предизвици и дефинирање на идни активности и чекори за унапредување на состојбата по однос на заштитата на жените со попреченост кои доживеале насилство.

Експертката Клаудија Шпренгер ги презентираше главните активности и резултати од проектот Пристап до специјализирани услуги за поддршка на жени со попреченост кои доживеале насилство, кој се спроведувал во 4 земји (Австрија, Германија, Велика Британија и Исланд).

 

2014 Хуманитарна акција за жртвите на семејно насилство

На 13 и 14 декември, Кризен Центар „Надеж“ организираше хуманитарна акција во маркетот на Carrefour, во City Mall.  Во текот на акцијата граѓаните донираа прехранбени и хигиенски производи. Во саботата (13.12.2014) беше организирана и втората улична акција, под слоганот „Моето тело е мој избор и моја слобода- стоп за сексуалното насилство над девојките“, овој пат пред Skopje City Mall, со цел кревање на свеста на населението, во врска со овој вид насилство.

Собраните производи им беа донирани на две жени жртви на семејно насилство кои се кориснички на нашите услуги, а се невработени и самохрани мајки и имаа итна потреба од ваква помош.

Тимот на Кризен Центар „Надеж“ им се заблагодарува на сите оние кои успеаа да донираат и кои се приклучија кон уличната акција.

 

2014 Едукативна работилница во Општина Гази Баба - Препознавање и справување со секуално насилство врз жените

На ден 17.12.2014 година, Кризен Центар „Надеж“  одржaедукативна работилница во рамки на проектот „Без вина и срам! Побарај помош, пријави сексуално насилство“, кој генерално има за цел да ја  поттикне видливоста на проблемот на сексуално насилство врз жените.

Учесници на работилницата беа претставници од психолшко-педагошките служби од основните училишта на територија на Општина Гази Баба, како и членовите на Комисијата за родова еднаквост од Општина Гази Баба.

Акцентот беше ставен на сексуалното вознемирување помеѓу врсници и помеѓу наставник/чка и ученик/чка, односно дефинирање на овие облици на насилство, споделување на искуствата од минатогодишниот прокет чија целна група беа средношколците, како и дискусија и споделување на позитивни искуства за спречување и справување со овој вид на сексуално насилство.

 
 
 
 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top