• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

2016 година

 

Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија

ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата „ЕВН Македонија“, во јуни 2016 година повторно склучија договор за поддршка на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство, со што се обезбедува оддржливост на истата и нејзино непречено функционирање 24/7, 365 дена во годината.

 

Донација од Амбасадата на Германија во Скопје

Кризен Центар „Надеж“ склучи договор со Германската Амбасада Скопје за подобрување на условите за работа во Кризен Центар „Надеж“. Овој пат донацијата од Амбасадата се однесува на набавка на ИТ опрема.

 

Проект „Зајакнување и згрижување на жртви на семејно насилство“

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец септември до декември 2016 година повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

- вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија -  297

- вкупно направени 185 упатувања до ЦСР,  71 упатувања до Полициски станици, 40 упатувања до Здравствена установа и 53 упатувања до НВО.

- директен контакт од наша страна е остварен 78 пати со ЦСР, 25 пати со ПС , 35 пати со НВО, 13 пати со Адвокат и 1 со Судски преведувач.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања:во нашите простории во овој период беа згрижени 11 жени и 10 деца жртви на семејно насилство.

Едукации: беа остварени вкупно 62 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 4 месеци со 29 кориснички во нашите простории. Воедно во 20 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи. 

 

Донација од Авон Македонија – Проговори против семејното насилство

 

Кризен Центар „Надеж“ доби поддршка и донација од компанијата Авон Македонија во текот на месец октомври. Донацијата е за проектот „Проговори против семејното насилство“ кој ќе се спроведува во текот на 2017 година.  Во рамките на проектот ќе бидат организирани 12 работилници во пет градови и главната цел е да се влијае на начинот на кој се гледа на овој сериозен општествен проблем, да се подигне свесноста за неговото постоење и да се предочат симптомите и механизмите за заштита и барање помош. Во план се четири настани во Скопје и по два во Куманово, Струмица, Кичево и Струга на кои претставници од различни невладини организации и активисти ќе можат да се информираат и да стекнат соодветни вештини врзани со третманот на жртвите како и информации за самиот проблем.

Посебен дел од работилниците ќе биде наменет за жртвите на семејно насилство на кои им треба психо-социјална рехабилитација, охрабрување и едукација за начините како да се стекнат со вештини за стекнување на финансиска независност, реквалификација и можности за реинтеграција во општеството преку враќање на самодовербата и храброста да отпочнат нов живот далеку од насилниот партнер.

 

Во рамките на истиот проект, а по повод меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, 25 ноември, група членки на кризниот центар „Надеж“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје организираа герила – акција.

На настанот активистките околу два часа држеа транспаренти на кои беа испишани статистики и пораки за семејното насилство. Воедно случајните минувачи можеа да се информираат и за невистинитите тврдења  кои често може да се слушнат како дека мажите кои ги тепаат твоите жени се алкохоличари или дека насилството не е голем проблем со оглед дека секоја двојка повремено се расправа.

 

Награда од општина Гази Баба

На прославата на јубилејната 40-годишнина од постоењето на Општина Гази Баба (03.11.2016), Кризен Центар „Надеж“ беше награден со плакета, статуетка „Богинка Голема Мајка“ и со парична награда за значајни остварувања во областа на невладиниот сектор. 

 

Програма за обука за волонтери за поддршка на жртви на семејно насилство

На 4 и 19 ноември 2016, во Кризен Центар „Надеж“ беа одржани работилници за обука на волонтери за поддршка на жртви на семејно насилство. Овие активности се реализираа во рамките на проектот Програма за обука на волонтери, поддржан од општина Гази Баба.

 

Проект „Грижи се за себе“

Кризен Центар „Надеж“ во декември 2016 доби поддршка за реализација на проектот „Грижи се за себе“ од Австралиската амбасада. Проектот опфаќа реализација на 10 работилници што ќе се спроведуваат во првата половина на 2017 година. 

Контакт

СОС линија
02/ 15 - 315 
 
Телефон:
+389 2 3173 – 424 
 
Факс:
+389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:
info@krizencentar.org.mk 
sovet@krizencentar.org.mk 

Галерија

Sj Content Accordion

2000-2008
  2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ Цел на проектот: Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство ...
2009
2009„Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“ Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка ...
2010
2010 ,,Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство Цел на проектот: Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со ...
2011
2011 "Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011" Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата “Вагинални монолози”, ...
2012
  2012  Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“  Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на ...
2013
2013 Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“ На 10.01.2013 и ...
2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни ...
2015
2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“   Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 ...
2016
MK 2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и ...
2016
2016 година   Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата ...

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top