• 1.jpg
  • 2.jpg
  • 3.jpg

2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“

 

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

-          вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија -  471

-          вкупно направени 216 упатувања до ЦСР,  71 упатувања до Полициски станици, 41 упатувања до Здравствена установа и 27 упатувања до НВО.

-          директен контакт од наша страна е остварен 50 пати со ЦСР, 18 пати со ПС , 15 пати со НВО, 19 пати со Адвокат и 6 со Судски преведувач.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања:во нашите простории во овој период беа згрижени 20 жени и 14 деца жртви на семејно насилство.

Едукации:беа остварени вкупно 58 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 5 месеци. Воедно во 33 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи. 

 

PayNet Македонија воведе можност за донирање во Кризен Центар „Надеж“ преку своите терминали

Во март 2015 година, Кризен Центар „Надеж“ воспостави соработка со компанијата PayNet Mакедонија – ПЛАТИ БРЗО. PayNet Македонија– ПЛАТИ БРЗО претставува иновативен платежен терминал за ефикасна наплата на режиски сметки, како на пример, сметки за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија и слично. Платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината и истите ќе бидат поставени на територијата на целата земја, за почеток во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области. Преку ПЛАТИ БРЗО терминалите за наплата, сите корисници на услугите ќе бидат во можност да донираат финансиски средства, наменети за потребите и активностите на Кризен Центар – „Надеж“.

За повеќе информации за услугите на компанијата PayNet Македонија, посетете ги следниве линкови: 
https://www.facebook.com/paynetmk/timeline?ref=page_internal
https://twitter.com/paynetmk

 

2015 „Дефинирање и пилотирање на интегриран пристап за директна заштита на жртви на семејно насилство понудена од страна на граѓански организации“

Целта на овој проект е подобрување на пристапот до квалитетни и стандардизирани услуги за поддршка за жртви на семејно насилство, преку пилотирање на интегриран пристап до директни услуги за поддршка, кој е базиран на минимум стандарди кои граѓанските организации што нудат специјализирани услуги за заштита на жртви од семејно насилство треба да ги исполнуваат. Услуги кои ќе бидат стандардизирани во текот на прокектот се: СОС линија за помош, сместување во засолниште - шелтер, кризно згрижување, бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка и советување.

Кризен Центар „Надеж“ учествува во прокетот со стандардизација на услугата кризно згрижување, а останати партнери  во прокетот се ОЖС Скопје, СОЖМ и Женски форум Тетово. Носител на проектот е ХЕРА.  

 

ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315

Кризен Центар „Надеж“ ве известува и воедно изразува благодарност до „ЕВН Македонија “, кои повторно ја препознаа нашата потреба за помош и заедничка соработка.
Нашиот Центар и компанијата „ЕВН Македонија“ во јуни, 2015 година, склучија едногодишен договор за финансиска поддршка на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство, со што се обезбедува оддржливост на истата и нејзино непречено функционирање 24/7, 365 дена во годината. Месечинот износ од 9,225.ºº денари, ќе се користи за покривање на вкупните телефонски трошоци на Центарот, како и интернет трошоците.

 

Донаторски календар 2015

Tea Модерна и Конект, по петти пат го издадоа својот донаторски календар. Кризен Центар „Надеж“ и овој пат се најде на календарот и тоа во месец Август, под слоганот „За живот без насилство“. Изразуваме голема благодарност за поддршката и препознавањето на проблемот на семејно насилство.

Прочитајте повеќе за Конект на следниов линк:  http://donirajpametno.mk/

 

Мај – декември 2015
 

„Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец мај до декември2015 повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.
 

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

- вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија -  545

- вкупно направени 208 упатувања до ЦСР,  112 упатувања до Полициски станици, 44 упатувања до Здравствена установа и 56 упатувања до НВО.

- директен контакт од наша страна е остварен 144 пати со ЦСР, 49 пати со ПС, 71 пати со НВО, 86 пати обезбедена бесплатна правна помош.
 

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања: во нашите простории во овој период беа згрижени 24 жени и 27 деца жртви на семејно насилство.

Едукации: беа остварени вкупно 141 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 8 месеци. Воедно во 46 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи. 

 
 
 

Новости

2014
Недела, 25 Мај 2014
2014 Работилница на тема: „ Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“ Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика...
More in2014  

Барај

Контакт

СОС линија: 02/ 15 - 315 
 
Тел: +389 2 3173 – 424 
 
Факс: +389 2 3175 – 516 
 
Е-mail:

Следете не!

Scroll to top