Активности на Кризен Центар „Надеж“ за 2017 година

 

Проект: Проговори против семејното насилство

Цел на проектот:Подигање на свесноста за проблемот семејно насилство, психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство

Период на спроведување:ноември 2016 – октомври 2017

Постигнати резултати:

Во рамките на проектот се одржани 12 работилници и тоа по две во градовите Куманово (март 2017), Валандово (април 2017), Кичево и Струга  (септември 2017) и 4 работилници во Скопје (февруари, мај, јуни и октомври)

Обучени повеќе од 200 жени и активисти за проблемот семејно насилство, препознавање и пријавување

Организирани повеќе од 50 групни психо-социјални сесии со повеќе од 100 жртви и потенцијални жртви на семејно насилство (Јануари – октомври 2017)

Одржана улична акција на плоштадот Филип 2 Автокоманда (Септември 2017)

 

Проект: Грижи се за себе

Цел на проектот: Подигање на свеста и економско јакнење на жртви на семејно насилство

Период на спроведување: ноември 2016 – јуни 2017

Постигнати резултати:

Одржани 5 работилници за жртви на семејно насилство (Јануари – јуни 2017)

Одржани 5 работилници за економско јакнење на жени (Јануари – јуни 2017)

Обучени повеќе од 150 жени за проблемот и справување со истиот (Јануари – јуни 2017)

Одржана улична акција во Скопје, Капитол Мол (април 2017)

 

Проект: Поддршка, заштита и згрижување на жртви на семејно насилство

Цел на проектот: Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство и психо-социјална поддршка на жртвите преку одржување на едукативни сесии (индивидуални и групни)

Период на спроведување: септември – декември 2017

Постигнати резултати:

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:од вкупниот број на примени повици 251 на националната СОС линија, направени се 140 упатувања до ЦСР, 131 до полициска станици, 24 до здравствени установи и 8 до НВО. Директен контакт е остварен 61 пати со ЦСР, 27 пати со ПС, 21 со НВО и еднаш со адвокат.

Згрижувања:во нашите простории беа згрижени 14 жени, жртви на семејно насилство, и 8 деца. Тие беа згрижени во кризниот период од 24-48 часа, и за тој период им беа обезбедени потребните медикаменти, храна, облека, хигиенски средства и превоз, односно придружба до ЦСР Скопје. Исто така во текот на кризното згрижување им беше обезбедена психо-социјална поддршка и бесплатно правно советување.

Едукации:беа остварени вкупно 110 едукативни сесии со 55 кориснички во нашите простории. Во текот на едукациите беше направена проценка на ризик, беа изработени планови за безбедност и социјална анамнеза за сите кориснички, им беа дадени детални информации за динамиката на семејното насилство, беа разработувани доживувањата на корисничките и нивното актуелно функционирање со цел нивно емоционално зајакнување. Воедно на 15 кориснички им беше обезбеден бесплатен правен совет со изработка на потребните документи.

 

Проект: Стани свесен, препознај и пријави

Цел на проектот: Намалување на насилството во средните училишта (Ноември 2017 – Јуни 2018)

Период на спроведување: ноември 2017 – јуни 2018

Постигнати резултати:

Испечатени 1000 флаери со содржини за врсничкото насилство и како да се спречи

Одржани 6 работилници, по две во средните училишта СУГС Панче Арсовски – Скопје, СУ „Гоце Делчев“ – Валандово и СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

Избрани по 6 волонтери за обука за врсничко насилство од секое од вклучените училишта

Подготвен прирачник за врсничко насилство

Проектот е се уште во тек и ќе се спроведува до средината на јуни 2018 година.

Scroll to top