ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2018 година

Име на проектот: „Стани свесен, препознај и пријави“

Донатор: Австралиска Амбасада Белград

Период на спроведување: декември 2017 – јуни 2018

Целна група: ученици во средните училишта во Скопје, Ресен и Валандово

Опис на активноста: Организирање работилници за подигање на свесноста за проблемот врсничко насилство, организирање обуки за ученици за препознавање на проблемот и пријавување на истиот и поддршка на врсниците што се жртви на врсничко насилство.

Резултати: повеќе од 120 обучени ученици во 3 средни училишта; испечатени и распределени 100 прирачници за справување со врсничко насилство, испечатени и распределени повеќе од 2000 едукативни флаери, обучени 18 едукатори за врсничко насилство во трите средни училишта

Буџет: 460.000 МКД

 

Име на проектот: „Препознај го насилството и пријави“

Донатор: Општина Гази Баба

Период на спроведување: јануари – јуни 2018

Целна група: граѓани на општина Гази Баба

Опис на активноста: Организирање кампањи за подигање на свесноста за проблемот семејно насилство односно улични акции на територија на општина Гази Баба и кампањи преку социјалните мрежи.

Резултати: медиумски презентиран проект на националната телевизија (МРТВ), организирани 2 улични акции; испечатени и поделени повеќе од 2000 едукативни и информативни флаери

Буџет: 250.000 МКД

 

Име на проектот:„Стоп за семејното насилство - згрижување на жртви”

Донатор: Министерство за труд и социјална политика

Период на спроведување:јануари - декември 2018

Целна група:жртви и потенцијални жртви на семејно насилство

Опис на активноста:Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.

Постигнат резултат: Во текот на годината стручна помош и соодветни информации добиле повеќе од 500 жртви, односно потенцијални жртви на семејно насилство, упатени 263 жртви на семејно насилство до ЦСР, 169 упатувања до полициски станици, 37 упатувања до здравствена установа и 22 упатувања до НВО. Згрижени биле 27 жени и 52 малолетни деца жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа, односно вкупно 79 жртви, организирани се вкупно 66 едукативни и психо-социјални сесии и едуцирани се вкупно 102 жени жртви на семејно насилство.

Буџет: 1.100.000 МКД

 

Учество во акцијата „Нахрани 10.000“ во организација на мрежата Сите Сити

Кризен Центар „Надеж“ како дел од мрежата Сите Сити, учествуваше во две хуманитарни акции во организација на мрежата за собирање храна за помош на социјално загрозените и ранливите категории на граѓани. Едната акција се одржа во септември, а другата во октомври 2018 година и во текот на акциите беше собрана храна која беше поделена на 16 кориснички на услугите на Кризен Центар „Надеж“.

 

Донација од Германска Амбасада

Германската Амбасада во Скопје, повторно го поддржа Кризен Центар „Надеж“ со донација. Во текот на летото 2018 година, по неколкуте поплави што се случија во просториите на КЦ „Надеж“ се оштети голем дел од мебелот и опремата и настана голема штета. Повеќето од оштетените работи беа исфрлени, а со донацијата од Амбасадата беа обновени внатрешните врати во КЦ „Надеж“, канцеларискиот мебел, како и дел од техничката опрема.

 

Scroll to top