Проект: Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба

Целта на овој проект е прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита преземени во кризна ситуација предизвикана од КОВИД-19, специфични цели се: Континуирано обезбедување на психосоцијална помош и поддршка и правно советување на жртви на семејно насилство; и Едукација на жртвите на семејно насилство згрижени во Кризен Центар “Надеж“ за справување со корона вирусот.

Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење на граѓаните ги приморува луѓето да седат затворени во своите домови што дополнително може да придонесе до зголемување на фрустрациите, нетрпеливоста и нетолеранцијата особено кај оние лица што претходно покажувале насилно однесување. Во ситуација на физичка близина со насилникот, жртвите немаат многу можности за пријавување на случаите во релевантните институции по телефон, па оттаму пораките преку електронска пошта или преку социјалните мрежи може да им биде полесен начин да пријават насилство и да се извлечат од насилната средина. Токму во таа насока е и овој проект за пријавување на семејно насилство онлајн и неопходно згрижување на жртви на семејно насилство од 24 до 48 часа до обезбедување на неопходната помош од релевантните институции.

По прогласувањето на вонредната состојба во нашата држава, поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, донесени се сет мерки коивлијаат на интензивно зголемување на стресот кај граѓаните, фрустрации, страв и силна загриженост за иднината, кои се тригери за агресивно однесување, изливи на нервоза, зголемена потреба за контрола и изразување моќ, насилно решавање на конфликтите и зголемена примена на насилство. Ова директно ги става во ризик жените и децата кои се приморани да останат во домовите со стoрителите на насилство, да живеат во зголемен ризик од насилство и животно загрозувачка средина.Во насока на обебзедување итна помош и поддршка на жртвите на семејно насилство, стручниот тим на Кризен Центар “Надеж“ ќе допринесе за директно и индиректно информирање и упатување на жртвите на семејно насилство преку Национална СОС линија и онлајн кампања спроведена преку социјалните медиуми. На жртвите ќе им бидат пружени соодветни психолошко и правно советување, а воедно соодветно обучените лица, ангажирани на овој проект ќе им помогнат на жртвите да креираат личен план на безбедност.

Планираните активности во овој проект се следните:

A1: Кризно советување и упатување преку СОС линиите за помош (Национална СОС линија 15 -315 – Телефон на доверба)

А2: Обебзедување на хигиенски пакети со дезинфекциски средства по истекот на престојот на жените жртви на семејно насилство во Кризен Центар “Надеж“

А3: Онлајн кампања за подигнување на свеста за семејното насилствои каде да се пријави

Проектот е финансиски поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Scroll to top