Визија и мисија
Визија
Кризен центар „Надеж“ е одржливо и специјализирано здружение на граѓани за превенција и заштита од насилство врз жени и семејно насилство. Здружението нуди сеопфатен пакет на услуги за поддршка со соодветен квалитет, има дата база на податоци и експертиза за застапување во насока на унапредување на законите и политиките.
Нашето делување значајно допринесува кон зголемување на безбедноста во општество во кое постои надеж за остварување на човечките потенцијали во живот ослободен од насилство.
Мисија
Кризен центар „Надеж“ континуирано работи на застапување, едукација и директна поддршка за прекин на кругот на насилство врз жените и семејното насилство, преку менување на индивидуалните и општествените уверувања, ставови и однесувања кои го генерираат истото.