Насилство врз жени
Дефиниција за насилство врз жени:
Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство: „насилство врз жените“ се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот;
Облици на насилство врз жените:
Фаза | Облик на насилство типичен за животнaтa доба |
Пренатален период | Селективно абортирање врз основа на полот, физичко насилство на мајката за време на бременоста. |
Рано детство | Убивање женски новороденчиња, нееднаков пристап до храна и медицинска нега, емоционално или физичко злоставување на женските деца во рана возраст. |
Детство | Обрежување на половите органи кај девојчињата, инцест, сексуално злоставување и експлоатација, нееднаков пристап до храна, до образование и до медицинска нега, прерани бракови. |
Адолесценција | Принуден секс (од економски причини), силување, сексуална трговија, насилство во интимни интерперсонални, убиство „поради чест“, сексуално злоставување и малтретирање на работно место. |
Репродуктивен период | Насилство во интимни интерперсонални односи, силување, психичко и сексуално злоставување на работно место, сексуално вознемирување, убиство од интимен партнер, убиство за мираз, присилно мајчинство. |
Старост | Злоставување вдовици преку екстремно лишување, силување, принудно самоубиство, сексуално злоставување во установи. |