За проектот

Кризниот центер Надеж го спроведува проектот Прв годишен план за имплементација на Стратешкиот план на Кризниот центар Надеж 2022-2025 (First Annual Work Plan for the Implementation of the Strategic plan of the Crisis Center “Hope” 2022-2025), финансиран преку грант договор за рамковно партнерство со Европската Унија.

Редовната работа на Кризниот центар Надеж вклучува:

Прво, обезбедување на засолниште, храна, хигиена, облека, и медицинска помош на жртви (жени и деца) на родово и семејно насилство. Корисниците исто така добиваат психосоцијална и правна помош.

Второ, подигање на свеста кај младите луѓе, жените, и општата јавност за заканата од семејното и родовото насилство. Активностите во оваа област вклучуваат: организирање на работилници, теренски активности, подготовка и дистрибуција на промотивни материјали, развој на свеста за опасноста од булинг, итн.

Во изминатиот период Кризниот центар Надеж:

Обезбеди засолниште, логистичка, прихосоцијална и правна помош на повеќе од 1.000 корисници, вклуувајќи жени, жени од рурални средини, млади девојки, од разни етнички и културни средини.

Вклучи во образовни активности на тема булинг повеќе од 120 средношколци од  повеќе градови.

Дистрибуираше повеќе од 4.000 летоци и други промотивни материјали на тема превенција на насилство и булинг.

Организираше повеќе работилници и настани.

Ја зајакна соработката со институции на национално и локално ниво.

Долгорочната цел на проектот е да допринесе кон борбата против родовото  и домашното насилство кон жени, девојчиња, и деца.

Проектот има четири стратешки приоритети:

Стратешки приоритет 1: Продолжување и унапредување на услугите, подобрување на квалитетот на услугите, и развој на вештинитите и капацитетот на тимот.

Стратешки приоритет 2: Долгорочна финансиска оддржливост.

Стратешки приоритет 3: Подобрување на образованието и заштитете на децата и младите.

Стратешки приоритет 4: Охрабрување на жртвите да го пријавуваат родовото и домашното насилство.

 Предмет на набавката

Предмет на набавката е развој на проекти и фандрејзинг со вклучена обука и коучинг за тимот на Кризниот центар Надеж.

Предметот не набавката е дефиниран во Р 2.1 од проектот кој треба да доведе до:

Р.2.1 Подобрена структура и капацитет за финансиско планирање, менаџирање и добивање на фондови, со цел да се задржи тимот

Предметот на набавката се состои од следните активности:

А 2.1.1 Обука за развој на проекти

А 2.1.2 Обука за индивидуален, корпоративен, институционален и фадрејзинг од меѓународни фондови

А 2.2.2 Равој на предлог проекти

Конкретно, консултантот ќе ги испорача следниве работни задачи:

Испорака на 3-дневна обука за развој на проекти за тимот на Кризниот центар Надеж

Испорака на 3-дневна обука за фандрејзинг (индивидуален, корпоративен, институционален, меѓународни фондови) за тимот на Кризниот центар Надеж.

Испорака на најмалку 4 работни денови коучинг и менторинг за тимот на Кризниот центар Надеж.

Развој на најмалку 10 проекти  за разни донатори и програми во што ќе вложи најмалку 27 работни денови.

Максимална вредност на набавката

7.400 евра во денарска противредност.

Времетраење на договорот и временска рамка

6 месеци. Од 1 јуни 2022 до 31 декември 2022.

Право на поднесување понуда

Право да поднесат понуда имаат физички лица и правни лица.

Критериуми за физички лица:

Физичките лица треба да ги исполнат следните критериуми:

  • Најмалку 3 години искуство во развој на донаторски проекти и фандрејзинг

Критериуми за правни лица:

Криериумите за правните лица вклучуваат критериуми кои се однесуваат на:

  • Личната состојба на понудувачот
  • Способноста на понудувачот за вршење на професионална дејност
  • Техничка способност на понудувачот

Лична состојба на понудувачот

  • Во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • На понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • Понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • Понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
  • На понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Способност за вршење на професионална дејност

Правното лице треба да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Регистрирана дејност најмалку 2 години

Техничка способност

За да се докаже техничка способност, понудувачот треба да има членови на предложениот тим за спроведување на задачата со:

  • Најмалку 3 години искуство во развој на донаторски проекти и фандрејзинг

Потребни документи за пријавување

Физички лица

  • Професионална биографија (CV) на англиски јазик која ќе понуди податоци за исполнување на критериумите од ова барање
  • Финансиска понуда во прилижениот формат (Прилог 1).

Правни лица

  • Професионална биографија/и (CV) на англиски јазик за членовите од тимот која ќе понуди податоци за исполнување на критериумите од ова барање
  • Финансиска понуда во прилижениот формат (Прилог 1).
  • Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во приложениот формат (Прилог 2).

Рок и начин за пријавување

Понудата треба да се испрати по мејл на info@krizencentar.org.mk, најдоцна до 27 мај 2022, со наслов на порката “Консултант за развој на проекти“.

Критериуми и начин на избор на најповолна понуда

Понудите ќе бидат оценети  според следните критериуми:

  • Квалификации на кандидатот/тимот прикажани во кратката биографија (претходно релевантно искуство) – 70 поени;
  • Финансиска понуда – 30 поени

Договор и плаќање

Со избраниот понудувач ќе се склуи договор со времетраење од 6 месеци. Исплатата ќе биде на 3 рати, на начин утврден во договорот.

 

Прилог 1: Финансиска понуда

Прилог 2: Изјава