За проектот
Кризниот центер Надеж го спроведува проектот Прв годишен план за имплементација на Стратешкиот план на Кризниот центар Надеж 2022-2025 (First Annual Work Plan for the Implementation of the Strategic plan of the Crisis Center “Hope” 2022-2025), финансиран преку грант договор за рамковно партнерство со Европската Унија.
Редовната работа на Кризниот центар Надеж вклучува:
Прво, обезбедување на засолниште, храна, хигиена, облека, и медицинска помош на жртви (жени и деца) на родово и семејно насилство. Корисниците исто така добиваат психосоцијална и правна помош.
Второ, подигање на свеста кај младите луѓе, жените, и општата јавност за заканата од семејното и родовото насилство. Активностите во оваа област вклучуваат: организирање на работилници, теренски активности, подготовка и дистрибуција на промотивни материјали, развој на свеста за опасноста од булинг, итн.
Во изминатиот период Кризниот центар Надеж:
Обезбеди засолниште, логистичка, прихосоцијална и правна помош на повеќе од 1.000 корисници, вклуувајќи жени, жени од рурални средини, млади девојки, од разни етнички и културни средини.
Вклучи во образовни активности на тема булинг повеќе од 120 средношколци од повеќе градови.
Дистрибуираше повеќе од 4.000 летоци и други промотивни материјали на тема превенција на насилство и булинг.
Организираше повеќе работилници и настани.
Ја зајакна соработката со институции на национално и локално ниво.
Долгорочната цел на проектот е да допринесе кон борбата против родовото и домашното насилство кон жени, девојчиња, и деца.
Проектот има четири стратешки приоритети:
Стратешки приоритет 1: Продолжување и унапредување на услугите, подобрување на квалитетот на услугите, и развој на вештинитите и капацитетот на тимот.
Стратешки приоритет 2: Долгорочна финансиска оддржливост.
Стратешки приоритет 3: Подобрување на образованието и заштитете на децата и младите.
Стратешки приоритет 4: Охрабрување на жртвите да го пријавуваат родовото и домашното насилство.
Предмет на набавката
Предмет на набавката е развој на проекти и фандрејзинг со вклучена обука и коучинг за тимот на Кризниот центар Надеж.
Предметот не набавката е дефиниран во Р 2.1 од проектот кој треба да доведе до:
Р.2.1 Подобрена структура и капацитет за финансиско планирање, менаџирање и добивање на фондови, со цел да се задржи тимот
Предметот на набавката се состои од следните активности:
А 2.1.1 Обука за развој на проекти
А 2.1.2 Обука за индивидуален, корпоративен, институционален и фадрејзинг од меѓународни фондови
А 2.2.2 Равој на предлог проекти
Конкретно, консултантот ќе ги испорача следниве работни задачи:
Испорака на 3-дневна обука за развој на проекти за тимот на Кризниот центар Надеж
Испорака на 3-дневна обука за фандрејзинг (индивидуален, корпоративен, институционален, меѓународни фондови) за тимот на Кризниот центар Надеж.
Испорака на најмалку 4 работни денови коучинг и менторинг за тимот на Кризниот центар Надеж.
Развој на најмалку 10 проекти за разни донатори и програми во што ќе вложи најмалку 27 работни денови.
Максимална вредност на набавката
7.400 евра во денарска противредност.
Времетраење на договорот и временска рамка
6 месеци. Од 1 јуни 2022 до 31 декември 2022.
Право на поднесување понуда
Право да поднесат понуда имаат физички лица и правни лица.
Критериуми за физички лица:
Физичките лица треба да ги исполнат следните критериуми:
- Најмалку 3 години искуство во развој на донаторски проекти и фандрејзинг
Критериуми за правни лица:
Криериумите за правните лица вклучуваат критериуми кои се однесуваат на:
- Личната состојба на понудувачот
- Способноста на понудувачот за вршење на професионална дејност
- Техничка способност на понудувачот
Лична состојба на понудувачот
- Во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- На понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- Понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- Понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- На понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Способност за вршење на професионална дејност
Правното лице треба да ги исполнува следниве минимални услови:
- Регистрирана дејност најмалку 2 години
Техничка способност
За да се докаже техничка способност, понудувачот треба да има членови на предложениот тим за спроведување на задачата со:
- Најмалку 3 години искуство во развој на донаторски проекти и фандрејзинг
Потребни документи за пријавување
Физички лица
- Професионална биографија (CV) на англиски јазик која ќе понуди податоци за исполнување на критериумите од ова барање
- Финансиска понуда во прилижениот формат (Прилог 1).
Правни лица
- Професионална биографија/и (CV) на англиски јазик за членовите од тимот која ќе понуди податоци за исполнување на критериумите од ова барање
- Финансиска понуда во прилижениот формат (Прилог 1).
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба во приложениот формат (Прилог 2).
Рок и начин за пријавување
Понудата треба да се испрати по мејл на info@krizencentar.org.mk, најдоцна до 27 мај 2022, со наслов на порката “Консултант за развој на проекти“.
Критериуми и начин на избор на најповолна понуда
Понудите ќе бидат оценети според следните критериуми:
- Квалификации на кандидатот/тимот прикажани во кратката биографија (претходно релевантно искуство) – 70 поени;
- Финансиска понуда – 30 поени
Договор и плаќање
Со избраниот понудувач ќе се склуи договор со времетраење од 6 месеци. Исплатата ќе биде на 3 рати, на начин утврден во договорот.