Историја

2000 година – Основање на Кризен центар „Надеж“. Основачите најпрво организирале обука за волонтерките за работа на оваа проблематика во Арзамас – Русија, каде што биле споделувани и искуства од функционирањето на неколку кризни центри од Русија.

28.10.2000 година – Примен е првиот повик на Телефонот на доверба 02/3173-424, кој фукнционира во рамки на Кризен центар „Надеж“. Повикот е од страна на жена жртва на семејно насилство. Работното време на Телефонот на доверба во почетоците било од 9 до 17 часот.

18.11.2000 година – За прв пат е згрижена жена жртва на семејно насилство во просториите на Кризен центар „Надеж“.

24.12.2000 година – Обучените волонтери ја примиле првата жртва на семејно насилство на едукација која имала потреба од поддршка и емоционално зајакнување.

2001 – Здружението е регистирано како правно лице.

2002 – Се отвора втората линија на Телефонот на доверба 02/3175-516.

2004 – Работно време на Кризен центар „Надеж“ се зголемува за четири часа, односно двата Телефони на доверба се достапни од 9-21часот.

2004 – Одржана е првата работилница за семејно насилство, како почеток на превентивната работа на центарот.

2007 – Избран е волонтер на годината од тимот на Кризен центар „Надеж“.

2010 година – Во рамки на Кризен центар „Надеж“ е отворена телефонската линија 15 – 315, која станува Национална С.О.С линија, достапна за граѓаните на целата територија на Р.Македонија 24 часа секој ден во неделата.

2010/2011 – Кризен центар „Надеж“ започнува со одржување на обуки за работа на локални С.О.С  линии за жртви на семејно насилтво.

2012 – Кризен центар „Надеж“ се вклучува во програма за стандардизација на НВО и кои обезбедуваат бесплатна правна помош на жртви на семејно насилство.