Насилство врз жени

Дефиниција за насилство врз жени:

Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство: „насилство врз жените“ се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот;

Облици на насилство врз жените:

ФазаОблик на насилство типичен за животнaтa доба
Пренатален периодСелективно абортирање врз основа на полот, физичко насилство на мајката за време на бременоста.
Рано детствоУбивање женски новороденчиња, нееднаков пристап до храна и медицинска нега, емоционално или физичко злоставување на женските деца во рана возраст.
ДетствоОбрежување на половите органи кај девојчињата, инцест, сексуално злоставување и експлоатација, нееднаков пристап до храна, до образование и до медицинска нега, прерани бракови.
АдолесценцијаПринуден секс (од економски причини), силување, сексуална трговија, насилство во интимни интерперсонални, убиство „поради чест“, сексуално злоставување и малтретирање на работно место.
Репродуктивен периодНасилство во интимни интерперсонални односи, силување, психичко и сексуално злоставување на работно место, сексуално вознемирување, убиство од интимен партнер, убиство за мираз, присилно мајчинство.
СтаростЗлоставување вдовици преку екстремно лишување, силување, принудно самоубиство, сексуално злоставување во установи.