НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА, ДОНИРАЈТЕ СРЕДСТВА, ДОНИРАЈТЕ НАДЕЖ

Семејното насилство може да му се случи на секој и во секое време. Уште од 2001 година, граѓаните имаа можност да јават на Телефонот на Доверба 3173-424, а од 2010 година и на Националната СОС линија 15-315 преку кои можат да остварат контакт со нас и со тоа да го направат првиот чекор кон излез од насилството.

Секоја година Кризен центар „Надеж“ прима во просек по 1000 телефонски повици. Во просек 75 жени на годишно ниво доаѓаат на едукација во нашиот центар, а околу 35 од нив се итно згрижени во текот на првите 48 критични часови по насилството. Нашата неуморна работа во поткревање на свеста за тоа што е семејно насилство и насилство врз жените не стивнува, а доказ за тоа е нашето долгогодишно учество во локалните и националните кампањи и големиот број на одржани работилници, јавни дебати и работни состаноци со претставници од институциите од системот.

Нашата работа е возможна поради луѓето кои се дел од неа, било преку волонтирање или преку донации, поради нивната несебична помош и поддршка за секоја жртва на семејно насилство. Волонтерите на Кризен центар „Надеж“ и донаторите цврсто се уверени дека жртвите заслужуваат посветла и подобра иднина, ослободена од насилство.

Вашата донација може да биде во облик на пари, добра (храна, облека, хигиенски производи итн.) или услуги. Примената донација ќе биде искористена за поддршка на нашите услуги кои се насочени кон директна поддршка на жени жртви на семејно насилство, како и активностите насочени кон менување на индивидуалните и општествените уверувања, ставови и однесувања кои го генерираат насилството.

ДОНИРАЈТЕ НА НАШАТА ЖИРO СМЕТКА 300000001254343

Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје

ДОКОЛКУ ВАШАТА ДОНАЦИЈА Е ВО ОБЛИК НА ДОБРА ИЛИ УСЛУГИ КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ НА info@krizencentar.org.mk