Визија и мисија

Визија

Визијата на Кризен Центар „Надеж“ е достоинствен живот ослободен од насилство за сите жени и девојки.

 

Мисија

Мисијата на Кризен Центар „Надеж“ е активна борба против насилството врз жените и децата и семејното насилство во Република Северна Македонија како појави што ги кршат правата на жените и децата и човековите права воопшто.

Кризен Центар „Надеж“ континуирано работи на застапување, едукација и директна поддршка за прекин на кругот на насилство врз жените и семејното насилство, преку промени на индивидуалните и општествените верувања, ставови и однесувања кои генерираат насилство.