2000-2002 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“

Цел на проектот:

Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство (семејно).  

Активности:

– Прифаќање и поддршка на жртвите преку Телефонот на Доверба;

– Згрижување и заштита на жртви (жени и деца) на семејно насилство;

– Залагање за измена на законската регулатива.

 

2002-2003 „Кризен Центар „Надеж“ и Телефон на Доверба“ (продолжување на проектот 2000-2002)

Цел на проектот:

Проширување на услугите и капацитетите на Кризен Центар за згрижување на жртви од насилство (семејно).  

Активности:

– Прифаќање и поддршка на жртвите преку Телефонот на Доверба;

– Згрижување и заштита на жртви (жени и деца) на семејно насилство;

– Залагање за измена на законската регулатива.

 

2003-2004 „Проширување на услугите за прифаќање, помош и поддршка на жртви од насилство во Кризен Центар „Надеж“

Цел на проектот:

– Зголемување на заштитата на жртви од семејно насилство;

– Подигнување на јавната свест за проблемот на семејно насилство преку организирање на едукативни трибини во локални средини.

Активности:

– Зголемување на работното време на Телефонот на Доверба (15 часа дневно);

– Зголемен обем на заштита и засолнување на жртви од насилство во Кризен Центар „Надеж“;

– Психосоцијална едукација и ресоцијализација на жртви;

– Организирање и оддржување на шест еднодневни едукативни трибини за граѓани на тема: Справување со насилството и развивање колективен одговор на општеството за сузбивање на семејното насилство;

– Организирање и оддржување на три едукации (обуки) во три различни града за кадри од НВО секторот за справување со семејно насилство (работа на Телефонот на Доверба).

 

 

2004-2005 „Едукативна програма на теми поврзани со проблемот на семејно насилство“

Цел на проектот:

– Запознавање на граѓаните со новата законска регулатива која обезбедува помош и поддршка за жртвите од семејно насилство.

Активности:

– Организирање на 8 едукативни работилници за граѓаните во различни града во РМ.

 

2005-2006 „Зголемување на информираноста на граѓаните за новите законски измени за третирање на семејно насилство“

Цел на проектот:

– Информирање на граѓаните од руралните средини во РМ

Активности:

– Организирање и оддржување на осум едукативни трибини во рурални средини во РМ.

 

 

2006 „Кампања за меѓуинституционална соработка за спречување на семејното насилство“

Цел на кампањата:

– Подигнување на свеста и капацитетите на професионалните структури на локално и национално ниво;

– Подигнување на јавната свест;

– Медиумска покриеност на активностите.

Активности:

– Организирање и оддржување на 10 едукативни трибини на локално и национално ниво за информирање на општата популација за протоколот и стандардите за постапување согласно новите законски измени-соработка на НВО, МТСП и МВР.

 

2007 „Зголемување на степенот на знаење на граѓаните од мултиетнички региони за феноменот семејно насилство“

Цел на проектот:

– Едукација на граѓаните од мултиетничките заедници 

Активности:

– Подготовка и печатење на едукативни материјали;

– Организирање и оддржување на пет едукативни трибини.

 

2008 „Подобрување на квалитетот на услугите на жртвите на семејно насилство и тековно работење во Кризен Центар  „Надеж“

Цел на проектот:

– Обезбедување соодветна заштита и згрижување на жртвите од семејно насилство

Активности:

– Прифаќање и поддршка на жртвите преку Телефонот на Доверба;

– Згрижување и заштита на жртви (жени и деца) на семејно насилство.

2009 „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство“

Цел на проектот: Намалување на степенот на семејно насилство преку зголемување на нивото на соработка помеѓу НВОи, ЦСР, МВР, Општините, Бизнис секторот и религиозните заедници и зајакнување на веќе постоечкиот систем на заемна координација за работа во полето на семејното насилство.

Активности:

– Подготовка, превод и печатење на едукативен материјал;

– Делење на едукативен материјал;

– Организирање на две прес конференции;

– Организирање на две тркалезни маси;

– Потпишување меморандум за соработка;

– Формирање координативно тело како локален механизам за превенција на семејното насилство.

 

2009-2010 „Основните човекови права се и твои права! “

Цели на проектот:

– Информирање на жените и мажите за постоечките основни човекови права и слободи и за постоечките санкции за нивното прекршување;

– Информирање на популацијата за институционалната заштита (релевантни владини институции, особено службите на ЦСР) каде што жртвите можат да се обратат и обезбедат соодветна заштита.

Активности/резултати:

– Организирани 14 едукативни трибини во 9 села и 5 града во Република Македонија;

– Информирање на 364 жени и мажи за постоечките основни човекови права и слободи, како и за начините на заштита на истите, посебно во случај на семејно насилство;

– Испечатени и дистрибуирани 3500 информативно-едукативни брошури на Македоснки и Албански јазик;

– Дизајнирана веб страна.

2010 „Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“

Цел на проектот:

Министерството за труд и социјална политика преку поддршката за реализацијата на овој проект, со кој е искористено нашето долгогодишно искуство во справувањето со овој проблем, излезе во пресрет на нашата заедничка целна група, жртви на семејно насилство од целата територија на Република Македонија, од сите возрасни групи независно од нивната национална припадност, верска припадност, социјален статус, на кои им е потребно згрижување. Воедно се олесни и работата на државните институции преку обезбедување на навремена и соодветна заштита и згрижување на жртвите на семејно насилство и секако преку поддршката за функционирањето на Националната СОС линија, 15-315, достапна 24 часа секој ден на која работат обучени волонтери.

Активности:

– Стручна помош и соодветни информации добиле 1027 жртви, односно потенцијални жртви на семејно насилство.

– Згрижени 31 жени и 11 малолетни деца, жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.

– Упатени 667 жртви на семејно насилство, односно остварен контакт со соодветна институција.

– Зголемување на човековите ресурси со соодветен кадар.

 

2010/2011 „Вмрежување за намалување на семејното насилство”

Цел на проектот:

Да ја зголеми информираноста на граѓаните во дадените општини за проблемот на семејното насилство, олеснување на пристапот до информациите и заштитата и сместувањето на жртвите или потенцијалните жртви на насилство, зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите на системот. Цел на овој проект е и приклучување на Општините Осломеј и Општината Жупа, преку претставници од релевантни институции кон работата на Координативни тела за превенција на семејно насилство во Општина Дебар и Кичево.

Главни активности на овој проект се: Организирање на јавни трибини, организирање на обуки за Граѓански организации за работа на Телефоните на Доверба, печатење и делење на едукативниот материјал и подготвување и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу членовите на ЛКТ и редовни средби со Координативните тела.

Резултати:

– Отворени Телефони на доверба во Дебар и Кичево

– Обучени 30 волонтери за СОС консултација на жртви на семејно насилство

– 315 граѓани едуцирани за семејното насилство

– Дизајнирани, испечатени и дистрибуирани 3000 едукативни лифлети

– Зголемен степен на присутност на репортажи, статии и програми во локалните медиумиво врска со работата на Локалните координативни Тела во Кичево и Дебар, локалнате СОС линии, информации во врска со јавните трибини и за самиот феномен на семејно насилство.

2011 „Активност спроведена во партнерство со V-Day Македонија 2011“

Aктивистки од движењето V-Day кои имаат лиценца за Македонија ја организираа претставата „Вагинални монолози“, прикажувањето на филмот „Додека насилството не престане“ и одржување на неколку едукативни работилници на тема семејно насилство. Целта на овие активности од различен карактер е подигање на јавната свест за проблемот на насилството врз жените и семејното насилство и собирање на финансиски средства за организации што се борат против овој вид на насилство.

Очекувањата беа исполнети со тоа што имаше голема посетеност на сите настани, се зборуваше отворено за насилството врз жените, се споделуваа искуства, се промовираа начините за заштита од насилството особено преку учеството на претставниците од КЦ „Надеж” на едукативните работилници и делењето на едукативниот материјал. Најзначајна беше хуманоста на посетителите кои учествуваа во тивката аукција од која донираните средства беа наменети за жените-жртви на семејно насилство сместени во Кризен центар „Надеж”.

 

2011 „Молчењето е еднакво на одобрување – нема добра причина за насилство!”

Главна цел:Да се зголеми информираноста на граѓаните во Општината Гази Баба за проблемот на семејното насилство, олеснување на пристапот до информациите за заштита и згрижување на жртвите или потенцијални жртви на насилство, зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите на системот и локалната самоуправа.

Резултати:

– Дизајнирани, испечатени и дистрибуирани флаери во 1000 примероци

– Одржани јавни трибини

– Потпишан меморандум за соработка помеѓу Кризен Центар „Надеж”и Општина Гази Баба

 

2011/2012 “Зајакнување на ГО иницијативите во локалната борба против семејното насилство”

Главната цел: на овој проект е зајакнување на локалните капацитети за препознавање и заштита од семејно насилство.

Попрецизно, може да се допринесе за посоодветен одговор кон проблемот на семејното насилство на локално ниво преку обезбедување на подостапни сервиси за жртвите или потенцијалните жртви на семејно насилство. Стекнатите и подобрените вештини на волонтерите кои ќе работат на новите СОС линии ќе допринесат значително во постигнување на оваа цел. Исто така, проектот ќе обезбеди едукација на граѓаните како во урбаните, така и во руралните средини во Општините Прилеп и Струмица.

Резултати:

– Издаден и дистрибуиран – Водич за СОС консултација

– Обучени 30 волонтери за работа на Телефонот на доверба

– Отворени Телефони на доверба во Прилеп и Струмица

– Одржани 10 едукативни трибини

– Издадени и дистирбуирани едукативни брошури

2012 „Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“ 

Министерството за труд и социјална политика, во период од 5 месеци, го поддржува обезбедувањето на услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство и Телефоните на Доверба, понатаму едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Резултати:

– 1250 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветни информации.

– Упатени 615 жртви на семејно насилство до Центри за социјална работа и Полиција.

– Згрижени 32 жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.

– Едуцирани 76 жртви на семејно насилство (емоционално зајакнување и правно советување).

 

2012 „Вистинска помош и поддршка за живот ослободен од насилство“

Општа цел: Унапредување на пристапот и стратегијата за поддршка на жртвите на семејно насилство.

Цел на проектот: Напредно зајакнување на жртвите на семејно насилство преку грижа за нивното психичко и телесно здравје.

Резултати:

– Стабилизрање и растоварување од непријатни чувства на 15 жртви на семејно насилство преку одржување на 4 работилници.

– Дизајнирани и испечатени 1000 флаери и 500 постери на македонски и албански јазик со информации за СОС линиите на Кризен Центар ,,Надеж” и останатите услуги кои ги нудиме.

 

2012 „Подигање на свеста на професионалните структури кои работат на заштита и превенција од семејното насилство во рамки на Центрите за социјална работа“

Цели на проектот:

1. Развој на капацитетите на стручните лица кои работат на економско јакнење и развој на кариера кај жртвите на семејно насилство.

2. Развој на вештини за комуникација и тимска работа на стручните лица од Центрите за социјална работа и останатиот ланец на институции.

Во насока на остварување на целите на проектот, одржани беа серија на обуки за 60 стручни лица од Центрите за социјална работа, разработени во три модули со различна тематика и тоа: развој на кариера, тимска работа и мултисекторска соработка.

 

2012 „Програмата за јакнење на капацитетите“

Кризен центар „Надеж” учествуваше во групата на развиени и напредни организации во Програмата за јакнење на капацитетите во рамки на ТАКСО, која започна во мај 2012 година. Притоа помина низ процес на оценка на организациските капацитети и изготви план за градење на капацитетот со консултантска поддршка и неколку работилници во приоритетните области утврдени со планот за градење на капацитетот. Планот вклучуваше 4 развојни приоритети кои се однесуваа на Стратегиски менаџмент, Проектно работење, Човечки ресурси и Медиуми и односи со јавност, а консултантска поддршка и работилници од тимот на ТАКСО беше обезбедена по однос на 2 развојни приоритети и тоа Стратегиски Менаџмент и Проектно работење.

 

2012/2013 „Превентивни работилници за девојки и млади жени“

Цел на проектот: Подигање на свеста на девојките и младите жени за насилството врз жените

Специфични цели се: Да им се помогне на девојките и жените учеснички да ги идентификуваат своите ставови и вредносни судови и да ги подесат со помош на добиени увиди. Крајната цел е да им се овозможи на учесничките да го разгледаат проблемот од различни перспективи или да започнат да гледаат на насилството како на можна причина за проблеми.

Резултати: Реализирани 8 едукативни работилници со млади девојки и жени со теоретска и практична покриеност на појавата на насилството врз жените, како и со вклучување на документарни филмови на оваа тема, сведоштва, приказни од жртвите и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

 

2012/2013 „Воспоставување на систем за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош кои организациите ги обезбедуваат за жртвите од семејно насилство во Македонија“

Главната цел е да се воспостави, да се промовира и да се стави во функција модел за стандардизација на услугите за бесплатна правна помош за жртвите од семејно насилство кои се обезбедуваат од невладините организации.

Кризен центар „Надеж” учествува во проектот како упатувачки центар до останатите три канцеларии преку СОС линијата, како и со обезбедување на првична правна помош. Останати партнер организации се Организација на жени на Општина Свети Николе и експозитурата на ЕХО во Струмица во тесна соработка со Организација на жени – Струмица. Носител на проектот е ЕХО Штип.

2013 „Стандарди за квалитет и предизвици во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“

На 10.01.2013 и 11.01.2013 година како дел од третиот стратешки приоритет „Развој на експертиза и капацитети на персоналот“ од Стратегискиот план 2013-2015, се одржа дводневна обука која ја организираше Кризен Центар „Надеж“ под наслов „Стандарди за квалитет и предизвиците во различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата – особено за жртвите на сексуално насилство“.

Обуката ја водеше Maria Rösslhumer од Австрија (извршен директор на WAVE – Women Against Violence Europe)експерт во областа на семејното насилство врз жените, родовото насилство, семејното насилство и родовата еднаквост. Обуката се одржа во просториите на Кризен центар „Надеж“ и во неа учествуваше целиот персоналот на Кризен центар „Надеж“.

Обуката ги опфати следниве теми: Дефиниции и облици на насилството врз жените; Влијание на насилството врз жените и децата; Стандарди за квалитет на услугите и предизвици кај различни видови на советување за насилството врз жените, девојките и децата; Дефиниција и терминологија на сексуално насилство против жени и девојки и Советување преку интернет.

2013 „Препознавање на проблемот на насилството врз жените – прв чекор кон негово решавање“

Цел на проектот: Подигнување на свеста кај средношколците и младите девојки од руралните средини за проблемот на насилство врз жените.

Резултати:

1. Одржани две работилници со средношколци/ки на територијата на Општина Гази Баба. Преку овие работилници се влијаеше во насока на зголемување на свеста кај средношколците/ките за проблемот на насилството врз жените, со посебен акцент на сексуалното вознемирување, односно да научат да го препознаваат насилството, последиците како и начините на заштита. Воедно работилниците послужија за добивање на првични информации од младите за искуства со сексуално вознемирување и препораки во врска со идни чекори и стратегии за справување со овој вид на насилство.

2. Одржана една работилница со млади девојки од руралните средини на територија на Општина Гази Баба. Учесничките се поттикнаа да ги препознаваат пошироко сите форми на насилство врз жените во нашата средина, да дискутираат отворено за искуствата, меѓутоа и меѓусебно да се поддржуваат.

2013 „Денови на образование и кариера“

Кризен центар „Надеж“ од 10.04.2013 до 12.04.2013 беше дел од манифестацијата „Денови на образование и кариера“ 2013 на Скопскиот Саем, каде имаше свој штанд во рамки на ТАКСО и посетителите можеа да се информираат за работата на центарот. Исто така на 12.04.2013 во 15:00 часот одржавме презентација под наслов „Насилството врз жените – само бледа сенка на семејното насилство“.

2013 „Помош, поддршка и згрижување на жртви од семејно насилство“

Општа цел: Прекин на кругот на семејно насилство преку мерки за превенција и заштита

Специфични цели:

1. Континуирано обезбедување на услуги за заштита на жртвите на семејно насилство од страна на Кризен центар „Надеж”

2. Подигање на свеста кај младите девојки за препознавање на насилството врз жените.

Во текот на 2013 година на жртвите на семејно насилство им беа достапни следните услуги: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство и Телефоните на Доверба, понатаму едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Резултати:

1. 1181 потенцијални жртви и жртви на семејно насилство добиле стручна помош и соодветно информации.

2. Упатени 553 жртви на семејно насилство до Центри за социјална работа и Полиција.

3. Згрижени 35 жени и 15 деца жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа.

4. Едуцирани 94 жени жртви на семејно насилство (емоционално зајакнување и правно советување).

5. Изработени и дистрибуирани 1000 флаери и 200 постери.

2013 „V Day Македонија“

29 април 2013 година во Универзална Сала во Скопје од страна на V Day Македонија, по втор пат беше организирана изведбата на претставата „Вагинални монолози“ од Ив Енслер. Учеснички во претставата беа девојки и жени, активистки и жени од јавниот живот кои споделуваа сведоштва за уникатни искуства поврзани со љубовта, раѓањето, сексот, насилството, силувањето… Собраните средства во 90 % ќе бидат донирани во Кризен центар „Надеж“,додека останатите 10% во V Day Америка, кои ќе ги наменат како помош за Демократската Република Конго.

На овој настан му претходеа пет работилници на темата насилство врз жената и семејно насилство, како и настанот „Една милијарда се крева против насилство“ кој беше проследен и со танц како протест за запирање на насилството во светот.

Исто така во рамки на Факултетот за родови студии беше прикажан документарниот филм „Додека насилството не запре”, како и обезбедување директна поддршка (зајакнување и правно советување) на минимум 10 жени кои пријавиле насилство во Кризен центар „Надеж“.

2013 “Не се работи за нивниот договор, туку за твојата слободна волја.”

Цели:

1. Обезбедување на продлабочено знаење за договорени бракови помеѓу адолесцентки и млади жени од различна етничка заедница од општина Куманово.

2. Идентфикување на специфичности во случаите на договорени бракови.

3. Зголемување на видливоста на проблемот на договорените бракови.

Резултати:

1. Беа одржани четири едукативни работилници за адолесцентки од Албанска, Македонска и Ромска националност во Куманово.  На работилниците присуствуваа 120 учесници, кои доаѓаа од урбани и рурални средини.

2. Изготвување и дистрибуирање на 300 брошури на Македонски и Албански јазик. Брошурите содржеа информации за насилство врз жени, специфични информации за договорени бракови, надополнети со искуства во врска со таквиот тип на насилствоод учесничките на работилници.

3. Правење на кратко видео на темата. Видеото беше подготвено по добивање информации од искуствата на учесниците на работилницата за договорени бракови.

2013 “Соработка со РЕ – МЕДИКА”

Од  Декември 2013 година отпочна соработка помеѓу Кризен центар „Надеж” и „РЕ – МЕДИКА” Прва приватна општа болница во Република Македонија со цел усвојување и спроведување на ефективни, сеопфатни и координирани мерки и активности во поглед на превенцијата, заштитата и поддршката на жртвите. Во рамки на своите можности, Ре-Медика е согласна да обезбеди поддршка за работата на КЦ „Надеж“ во насока на: унапредување на квалитетот на специјализираните услуги за поддршка на жртвите на семејно насилство, кои ги обезбедува КЦ „Надеж“, и поуспешна реализација на превентивната програма на КЦ „Надеж“ за спречување на насилството врз жените и семејното насилство.

 

2013 “Хуманитарна акција”

Кризен центар „Надеж“ во соработка со V Day Macedonia, од 7-ми до 10-ти ноември 2013 година, организираше голема хуманитарна акција во маркетите на Веро во Скопје. Хуманоста на граѓаните резултираше со пакети полни со храна и хигиенски производи, кои беа наменети за жените жртви на семејно насилство.

На ден 04.12.2013, во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилството врз жените, производите кои беа собрани во текот на акцијата, им беа донирани на жени жртви на семејно насилство.

2014 Работилница на тема: „Препознавање и постапување со жртви на семејно насилство“

Тимот на Кризен центар „Надеж“ во соработка со Ре-Mедика на 6 и 7 мај одржа две еднодневни едукативни работилници за медицинскиот персонал на Ре-медика со цел зајакнување на капацитетите за справување со насилството врз жените и семејното насилство.

2014 “Соработка со ЈЛ Морено”

Во Февруари 2014 година,Кризен центар „Надеж“ отпочна соработка со Здружението за психодрамско искуство и обука ЈЛ Морено со цел обезбедување на психолошка поддршка во насока на личен раст и развој за жените жртви на семејно насилство. Формираната група за поддршка водена од обучени професионалци кои ќе работат под супервизија, отпочна со работа во месец Мај 2014 година.

2014 Подобрување на квалитетот на услугите за жените жртви на семејно насилство

Со финасиската поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија ќе се адресира проблемот на функционалност и безбедност на просториите кои ги користи Кризен Центар „Надеж“ за едукација и згрижување на жени жртви на семејно насилство. Имено, ќе се реновираат санитарните простории, ќе се постават метални решетки на прозорците и метална врата, и ќе се изврши молерисување на целиот Центар.

Проектот ќе се реализира во период од два месеци, односно од 25.08.2014 до 24.10.2014 година во партнерство со Општината Гази Баба.

2014 „Моето тело е мој избор и моја слобода“- стоп за сексуалното насилство над девојките

На 26.11.2014 година, Кризен Центар „Надеж“ како една од предвидените активности во текот на 16те дена активизам против родово базираното насилство, одржа улична акција. Акцијата беше одржана на плоштадот во Автокоманда, во 12 часот, под мотото „Моето тело е мој избор и моја слобода“- стоп за сексуалното насилство над девојките.

Акцијата истовремено се одржа во неколку држави во регионот: Србија, Б и Х, Албанија и Црна Гора.

Со оваа акција сакаме да им испратиме порака на сите жени и девојки, дека имаат право на слобода и заштитеност на сопственото тело, и дека никој нема право да им го ограничува тоа или да го оспорува.

2014 „16 урбани момци креваат револуција“

„16 урбани момци креваат револуција“ е  кампања на Кризен Центар „Надеж“, во која 16 момци, од различни професии, кои ѝ се познати на пошироката јавност преку нивната работа, посветеноста и стилот со кој тоа го прават, и кои се позитивен пример на однесување, испраќаат пораки против насилството врз жената.

16 момци, за 16 дена активизам! Сите имаа различна порака, но беа едногласни дека борбата против насилството врз жената треба да трае 365 дена!!!

Огнен Узуновски- Оги (Сопственик на кафе бар „Излет“ и клубот „Сектор“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „У 7 милијарди на планетава, ако дојдеш во ситуација да тепаш жена, треба да си вистински идиот“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Мартин Видоевски (Менаџер и фитнес инструктор во Спортски центар „Јане Сандански“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Смислата на мажот и силата на мажот е да ја заштити својата љубена, не да се истура и докажува машкоста врз неа!“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Горјан Ѓорѓиев (уметник) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Кога би си ја дозволиле вистината дека не е во име на: Отецот, Синот и Светиот дух, туку во име на: таткото, мајката и плодот, светот би бил поубаво место за жената“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Горан Миќиќ (Тату артист во MG tattoo студио) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам што е со маживе што тепаат жени, за мене жената е створена за љубов“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Влатко Васиљ (Менаџер за социјални медиуми во Element PR) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Силата на мажот не е во тоа колку силно удира, туку во тоа колку нежно допира“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Огнен Бражански (Кајакар и тренер во „Фитнес револуција“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Искористете ја енергијата на поинаков начин“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Иво Антов (Продуцент, автор и креативен директор на филмскиот фестивал за млади „Џифони“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Човек треба да се бори за своето семејство, а не со него. Одбивајќи да удриш некого, одбиваш да го мразиш“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Фицка (Менаџер во Concept 37) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Има многу убави работи да и се прават на жената…“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Гоце САФ (Продуцент и DJ) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената не се тепа, НИКОГАШ!“

Photo credit: Александар Стојковски.

Борче (Гитарист на „Суперхикс“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Мази ги жените“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Трендо (Уредник на off.net.mk) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жената е прекрасен цвет, жената е птица в лет, кој не почитува жена, тој е глуп“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Марко Новески (Водител) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Жените се за сакање, теписи се за мавање“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Тадијан Дебаловски (Сопственик на клуб „Блок 20“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Единствено нешто кое нѐ разликува од животните е разумот- затоа, користете го“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Владимир Пешков (Hip hop artist) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Удри си шамар сам, за да видиш колку боли!“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Томислав Тодоровски (дел од менаџерскиот тим на Pull & Bear) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Не знам зошто срамот од насилството го носи жената, за мене срамот и понижувањето во овој случај му припаѓаат на мажот. И мислам дека таквите мажи треба да се лечат“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Марко Ѓурѓиќ (Продуцент на „Зад Аголот“) крева револуција, ја поддржа кампањата и изјави: „Немој да им го правиш на жените она што не сакаш да и се случува на твојата мајка, сестра или ќерка. – Mојата мајка“.

Photo credit: Александар Стојковски.

Идејата за кампањата ја развија и реализираа: Драгана Маневска- Координаторка на СОС линијата, Ивана Костовска- Координаторка за едукација, згрижување и бесплатна правна помош, дел од тимот на Кризен Центар „Надеж“. Фотографиите ги направи Александар Стојковски.

2014 Посета на Амбасадорката на Сојузна Република Германија

На 10 Ноември 2014 година Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Д-р.Кристине Д. Алтхаузер беше во посета на Кризен Центар „Надеж“.

Разгледувањето на реновираните простории беше дел од завршниот настан на проектот „Подобрување на квалитетот на услугите за жените жртви на семејно насилство“ во кое учествуваше и Градоначалникот на Општината Гази Баба,  Тони Трајковски.

Во рамки на посетата Амбасадорката се запозна подетално со работата на нашата организација, со волонтерките кои обезбедуваат директни услуги за поддршка, како и со проблемите кои се соочуваме во заштитата на женте жртви на семејно насилство. Воедно се споделуваа искуства и резултати од реализираниот прокет кој беше поддржан од  Амбасадата на Сојузна Република Германија.

2014 Благодарност до ЕВН Македонија

Кризен Центар „Надеж“ беше една од трите организации кои учествуваа во хуманитарното издание на наградното шоу Среќно семејство на 03.11.2014 година, организирано од страна на ЕВН Македонија.

Семејството кое се натпреваруваше за нашата организација го освои првото место, односно износ од 61.500 денари, кои од страна на ЕВН Македонија беа донирани во Кризен Центар „Надеж“.

Средствата ќе бидат искористени за обезбедување на храна, облека, хигиенски средства, медикаменти и превоз на жените и децата жртви на семејно насилство згрижени во нашиот кризен центар, како и за одржување на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство.

2014 Билатерален семинар против насилството врз жените со попреченост

На 3 Декември 2014 година, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, тимот на Кризен Центар „Надеж“учествуваше во Билателарниот семинар против насилството врз жените со попреченост. Семинарот беше поддржан од Сојузното министерство за труд, социлајни работи и заштита на потрошувачите на Австрија, претставувано од страна на аташе М-р.Харалд Фугер.

На семинарот, покрај нашата организација, учестуваа и други невладини организации од нашата земја, односно претставници на Полио Плус и ЕСЕ, Министерството за труд и социјална политика на Р. Макдонија и експертката Клаудија Шпренгер од Лудвиг Боцман Институтот за човекови права во Виена.

Учесниците преку групна дискусија и работа во групи направија кратка анализа на ситуацијата во Македонија, идентификување на главните предизвици и дефинирање на идни активности и чекори за унапредување на состојбата по однос на заштитата на жените со попреченост кои доживеале насилство.

Експертката Клаудија Шпренгер ги презентираше главните активности и резултати од проектот Пристап до специјализирани услуги за поддршка на жени со попреченост кои доживеале насилство, кој се спроведувал во 4 земји (Австрија, Германија, Велика Британија и Исланд).

2014 Хуманитарна акција за жртвите на семејно насилство

На 13 и 14 декември, Кризен Центар „Надеж“ организираше хуманитарна акција во маркетот на Carrefour, во City Mall.  Во текот на акцијата граѓаните донираа прехранбени и хигиенски производи. Во саботата (13.12.2014) беше организирана и втората улична акција, под слоганот „Моето тело е мој избор и моја слобода- стоп за сексуалното насилство над девојките“, овој пат пред Skopje City Mall, со цел кревање на свеста на населението, во врска со овој вид насилство.

Собраните производи им беа донирани на две жени жртви на семејно насилство кои се кориснички на нашите услуги, а се невработени и самохрани мајки и имаа итна потреба од ваква помош.

Тимот на Кризен Центар „Надеж“ им се заблагодарува на сите оние кои успеаа да донираат и кои се приклучија кон уличната акција.

2014 Едукативна работилница во Општина Гази Баба – Препознавање и справување со секуално насилство врз жените

На ден 17.12.2014 година, Кризен Центар „Надеж“  одржaедукативна работилница во рамки на проектот „Без вина и срам! Побарај помош, пријави сексуално насилство“, кој генерално има за цел да ја  поттикне видливоста на проблемот на сексуално насилство врз жените.

Учесници на работилницата беа претставници од психолшко-педагошките служби од основните училишта на територија на Општина Гази Баба, како и членовите на Комисијата за родова еднаквост од Општина Гази Баба.

Акцентот беше ставен на сексуалното вознемирување помеѓу врсници и помеѓу наставник/чка и ученик/чка, односно дефинирање на овие облици на насилство, споделување на искуствата од минатогодишниот прокет чија целна група беа средношколците, како и дискусија и споделување на позитивни искуства за спречување и справување со овој вид на сексуално насилство.

2014/2015 „Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец октомври 2014 до месец февруари 2015 повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

– вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија – 471

– вкупно направени 216 упатувања до ЦСР,  71 упатувања до Полициски станици, 41 упатувања до Здравствена установа и 27 упатувања до НВО.

– Директен контакт од наша страна е остварен 50 пати со ЦСР, 18 пати со ПС , 15 пати со НВО, 19 пати со Адвокат и 6 со Судски преведувач.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања:во нашите простории во овој период беа згрижени 20 жени и 14 деца жртви на семејно насилство.

Едукации: беа остварени вкупно 58 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 5 месеци. Воедно во 33 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи.

PayNet Македонија воведе можност за донирање во Кризен Центар „Надеж“ преку своите терминали

Во март 2015 година, Кризен Центар „Надеж“ воспостави соработка со компанијата PayNet Mакедонија – ПЛАТИ БРЗО. PayNet Македонија– ПЛАТИ БРЗО претставува иновативен платежен терминал за ефикасна наплата на режиски сметки, како на пример, сметки за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија и слично. Платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината и истите ќе бидат поставени на територијата на целата земја, за почеток во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области. Преку ПЛАТИ БРЗО терминалите за наплата, сите корисници на услугите ќе бидат во можност да донираат финансиски средства, наменети за потребите и активностите на Кризен Центар – „Надеж“.

За повеќе информации за услугите на компанијата PayNet Македонија, посетете ги следниве линкови:
https://www.facebook.com/paynetmk/timeline?ref=page_internal
https://twitter.com/paynetmk

2015 „Дефинирање и пилотирање на интегриран пристап за директна заштита на жртви на семејно насилство понудена од страна на граѓански организации“

Целта на овој проект е подобрување на пристапот до квалитетни и стандардизирани услуги за поддршка за жртви на семејно насилство, преку пилотирање на интегриран пристап до директни услуги за поддршка, кој е базиран на минимум стандарди кои граѓанските организации што нудат специјализирани услуги за заштита на жртви од семејно насилство треба да ги исполнуваат. Услуги кои ќе бидат стандардизирани во текот на прокектот се: СОС линија за помош, сместување во засолниште – шелтер, кризно згрижување, бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка и советување.

Кризен Центар „Надеж“ учествува во прокетот со стандардизација на услугата кризно згрижување, а останати партнери во прокетот се ОЖС Скопје, СОЖМ и Женски форум Тетово. Носител на проектот е ХЕРА.

ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315

Кризен Центар „Надеж“ ве известува и воедно изразува благодарност до „ЕВН Македонија “, кои повторно ја препознаа нашата потреба за помош и заедничка соработка.
Нашиот Центар и компанијата „ЕВН Македонија“ во јуни, 2015 година, склучија едногодишен договор за финансиска поддршка на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство, со што се обезбедува оддржливост на истата и нејзино непречено функционирање 24/7, 365 дена во годината. Месечинот износ од 9,225.ºº денари, ќе се користи за покривање на вкупните телефонски трошоци на Центарот, како и интернет трошоците.

Донаторски календар 2015

Tea Модерна и Конект, по петти пат го издадоа својот донаторски календар. Кризен Центар „Надеж“ и овој пат се најде на календарот и тоа во месец Август, под слоганот „За живот без насилство“. Изразуваме голема благодарност за поддршката и препознавањето на проблемот на семејно насилство.

Прочитајте повеќе за Конект на следниов линк:  http://donirajpametno.mk/

Мај – декември 2015

„Помош, поддршка и згрижување на жртви на семејно насилство“

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец мај до декември2015 повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

– вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија –  545

– вкупно направени 208 упатувања до ЦСР,  112 упатувања до Полициски станици, 44 упатувања до Здравствена установа и 56 упатувања до НВО.

– директен контакт од наша страна е остварен 144 пати со ЦСР, 49 пати со ПС, 71 пати со НВО, 86 пати обезбедена бесплатна правна помош.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања: во нашите простории во овој период беа згрижени 24 жени и 27 деца жртви на семејно насилство.

Едукации: беа остварени вкупно 141 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 8 месеци. Воедно во 46 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи.

Продолжување на поддршката од ЕВН Македонија

ЕВН Македонија ја поддржува Националната СОС линија за семејно насилство 15-315. Кризен Центар „Надеж“ и компанијата „ЕВН Македонија“, во јуни 2016 година повторно склучија договор за поддршка на Националната СОС линија за жртви на семејно насилство, со што се обезбедува оддржливост на истата и нејзино непречено функционирање 24/7, 365 дена во годината.

Донација од Амбасадата на Германија во Скопје

Кризен Центар „Надеж“ склучи договор со Германската Амбасада Скопје за подобрување на условите за работа во Кризен Центар „Надеж“. Овој пат донацијата од Амбасадата се однесува на набавка на ИТ опрема.

Проект „Зајакнување и згрижување на жртви на семејно насилство“

Министерството за труд и социјална политика во периодот од месец септември до декември 2016 година повторно ги поддржа услугите кои им ги нудиме на жртвите на семејно насилство и тоа: Кризно советување и упатување преку Националната СОС линија за жртви на семејно насилство; Едукација на жртвите на семејно насилство што вклучува емоционално зајакнување и првична правна помош и згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24 – 48 часа.

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство:

– вкупен број на примени повици  на Националната СОС линија –  297

– вкупно направени 185 упатувања до ЦСР,  71 упатувања до Полициски станици, 40 упатувања до Здравствена установа и 53 упатувања до НВО.

– директен контакт од наша страна е остварен 78 пати со ЦСР, 25 пати со ПС , 35 пати со НВО, 13 пати со Адвокат и 1 со Судски преведувач.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и месната надлежност на институциите и организациите од цела територија на Р. Македонија.

Згрижувања: во нашите простории во овој период беа згрижени 11 жени и 10 деца жртви на семејно насилство.

Едукации: беа остварени вкупно 62 едукативни сесии во нашите простории, во текот на овие 4 месеци со 29 кориснички во нашите простории. Воедно во 20 од слуачите беше даден и бесплатен правен совет со изработка на потребни документи.

Донација од Авон Македонија – Проговори против семејното насилство

Кризен Центар „Надеж“ доби поддршка и донација од компанијата Авон Македонија во текот на месец октомври. Донацијата е за проектот „Проговори против семејното насилство“ кој ќе се спроведува во текот на 2017 година. Во рамките на проектот ќе бидат организирани 12 работилници во пет градови и главната цел е да се влијае на начинот на кој се гледа на овој сериозен општествен проблем, да се подигне свесноста за неговото постоење и да се предочат симптомите и механизмите за заштита и барање помош. Во план се четири настани во Скопје и по два во Куманово, Струмица, Кичево и Струга на кои претставници од различни невладини организации и активисти ќе можат да се информираат и да стекнат соодветни вештини врзани со третманот на жртвите како и информации за самиот проблем.

Посебен дел од работилниците ќе биде наменет за жртвите на семејно насилство на кои им треба психо-социјална рехабилитација, охрабрување и едукација за начините како да се стекнат со вештини за стекнување на финансиска независност, реквалификација и можности за реинтеграција во општеството преку враќање на самодовербата и храброста да отпочнат нов живот далеку од насилниот партнер.

Во рамките на истиот проект, а по повод меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, 25 ноември, група членки на кризниот центар „Надеж“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје организираа герила – акција.

На настанот активистките околу два часа држеа транспаренти на кои беа испишани статистики и пораки за семејното насилство. Воедно случајните минувачи можеа да се информираат и за невистинитите тврдења  кои често може да се слушнат како дека мажите кои ги тепаат твоите жени се алкохоличари или дека насилството не е голем проблем со оглед дека секоја двојка повремено се расправа.

Награда од општина Гази Баба

На прославата на јубилејната 40-годишнина од постоењето на Општина Гази Баба (03.11.2016), Кризен Центар „Надеж“ беше награден со плакета, статуетка „Богинка Голема Мајка“ и со парична награда за значајни остварувања во областа на невладиниот сектор.

Програма за обука за волонтери за поддршка на жртви на семејно насилство

На 4 и 19 ноември 2016, во Кризен Центар „Надеж“ беа одржани работилници за обука на волонтери за поддршка на жртви на семејно насилство. Овие активности се реализираа во рамките на проектот Програма за обука на волонтери, поддржан од општина Гази Баба.

Проект „Грижи се за себе“

Кризен Центар „Надеж“ во декември 2016 доби поддршка за реализација на проектот „Грижи се за себе“ од Австралиската амбасада. Проектот опфаќа реализација на 10 работилници што ќе се спроведуваат во првата половина на 2017 година.

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2018 година

Име на проектот: „Стани свесен, препознај и пријави“

Донатор: Австралиска Амбасада Белград

Период на спроведување: декември 2017 – јуни 2018

Целна група: ученици во средните училишта во Скопје, Ресен и Валандово

Опис на активноста: Организирање работилници за подигање на свесноста за проблемот врсничко насилство, организирање обуки за ученици за препознавање на проблемот и пријавување на истиот и поддршка на врсниците што се жртви на врсничко насилство.

Резултати: повеќе од 120 обучени ученици во 3 средни училишта; испечатени и распределени 100 прирачници за справување со врсничко насилство, испечатени и распределени повеќе од 2000 едукативни флаери, обучени 18 едукатори за врсничко насилство во трите средни училишта

Буџет: 460.000 МКД

Име на проектот: „Препознај го насилството и пријави“

Донатор: Општина Гази Баба

Период на спроведување: јануари – јуни 2018

Целна група: граѓани на општина Гази Баба

Опис на активноста: Организирање кампањи за подигање на свесноста за проблемот семејно насилство односно улични акции на територија на општина Гази Баба и кампањи преку социјалните мрежи.

Резултати: медиумски презентиран проект на националната телевизија (МРТВ), организирани 2 улични акции; испечатени и поделени повеќе од 2000 едукативни и информативни флаери

Буџет: 250.000 МКД

Име на проектот:„Стоп за семејното насилство – згрижување на жртви”

Донатор: Министерство за труд и социјална политика

Период на спроведување: јануари – декември 2018

Целна група: жртви и потенцијални жртви на семејно насилство

Опис на активноста:Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.

Постигнат резултат: Во текот на годината стручна помош и соодветни информации добиле повеќе од 500 жртви, односно потенцијални жртви на семејно насилство, упатени 263 жртви на семејно насилство до ЦСР, 169 упатувања до полициски станици, 37 упатувања до здравствена установа и 22 упатувања до НВО. Згрижени биле 27 жени и 52 малолетни деца жртви на семејно насилство за период од 24-48 часа, односно вкупно 79 жртви, организирани се вкупно 66 едукативни и психо-социјални сесии и едуцирани се вкупно 102 жени жртви на семејно насилство.

Буџет: 1.100.000 МКД

Учество во акцијата „Нахрани 10.000“ во организација на мрежата Сите Сити

Кризен Центар „Надеж“ како дел од мрежата Сите Сити, учествуваше во две хуманитарни акции во организација на мрежата за собирање храна за помош на социјално загрозените и ранливите категории на граѓани. Едната акција се одржа во септември, а другата во октомври 2018 година и во текот на акциите беше собрана храна која беше поделена на 16 кориснички на услугите на Кризен Центар „Надеж“.

Донација од Германска Амбасада

Германската Амбасада во Скопје, повторно го поддржа Кризен Центар „Надеж“ со донација. Во текот на летото 2018 година, по неколкуте поплави што се случија во просториите на КЦ „Надеж“ се оштети голем дел од мебелот и опремата и настана голема штета. Повеќето од оштетените работи беа исфрлени, а со донацијата од Амбасадата беа обновени внатрешните врати во КЦ „Надеж“, канцеларискиот мебел, како и дел од техничката опрема.

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2019 година

Име на проектот:„Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство”

Донатор: Министерство за труд и социјална политика

Период на спроведување:јануари – декември 2019

Целна група: жртви и потенцијални жртви на семејно насилство

Опис на активноста: Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.

Постигнати резултати:

Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство: од вкупниот број на примени повици во текот на 2019 година – 420 на националната СОС линија, од наша страна се направени:

  • 358 упатувања до ЦСР,
  • 298 упатувања до полициски станици
  • 74 упатувања до здравствени установи
  • 21 упатувања до граѓански организации.

Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и надлежноста на институциите и организациите од цела територија на Република Северна Македонија. Во текот на 2019 година беше остварен директен контакт со:

  • Центрите за социјална работа – 217 пати
  • Полиција – 80 пати
  • Граѓански организации – 46 пати
  • Здравствени установи – 8 пати и
  • 1 директен контакт со Основно Јавно Обвинителство.

Згрижувања: во просториите на Кризен Центар „Надеж“ во текот на 2019 година беа згрижени вкупно 90 лица – 32 жени и 58 деца –  жртви на семејно насилство. Тие беа згрижени во кризниот период од 24-48 часа и за тој период им беше обезбедено храна, хигиенски средства, облека и лекарства. Во текот на престојот им беше обезбедена психо-социјална поддршка и советување, како и правни совети.

Едукации: остварени беа вкупно 131 едукации со 98 жртви на семејно насилство. Во текот на едукациите им беше дадена психо-социјална поддршка, беа разработувани планови за безбедност, детали за пријавување и упатување во случај на насилство, како и детални информации за динамиката на семејно насилство и беа разработувани доживувањата и нивното актуелно функционирање со цел емоционално да се зајакнат. Едукациите се одвиваа во време траење од 2 -3 часа, во зависност од потребите на корисничките.

Буџет: 1.105.000 МКД

 

Име на проектот: „Стоп за булинг –  Едукација на родители и деца“

Донатор: Општина Гази Баба

Период на спроведување: јануари – декември 2019

Целна група: Целна група се Граѓаните на Општина Гази Баба, а директни корисници се учениците од завршните одделенија од основните училишта во Гази Баба. Целното подрачје и локацијата каде што ќе се одвива проектот е Општина Гази Баба.

Опис на активноста:

А1- Претставник од тимот на Кризен Центар „Надеж“ учествува во локалната телевизиска програма.

Претседателката на Кризен Центар „Надеж“ учествуваше во утринска програма на Националната телевизија и во емисијата „Будење со Јулија“ на ТВ Сонце, на кои што беше претставен проектот и најавени активностите што ќе се реализираат во текот на годината.

А2- Подготовка и печатење на едукативните материјали од страна на тимот на Кризен Центар „Надеж“.

 Материјалите се состојат од едукативни текстови кои ќе им овозможат на учениците сами да проценат дали се наоѓаат во ризична ситуација како и начини за спречување на врсничкото насилство и заштита од истото. Материјалите ги подготви тимот на Кризен Центар „Надеж“ и беа испечатени во печатница „Теди Трејд Ком“.

А3- Организирање работилници во месните заедници

Во текот на годината почнувајќи од месец април до август, КЦ „Надеж“ започна со реализација на работилници во месните заедници што се наоѓаат на територија на општина Гази Баба, односно во населбите Маџари, Ченто и Хиподром и селата Трубарево, Булачани и Идризово. Работилниците се организираа во соработка со локалните граѓански организации, а на нив учествува ученици од завршните одделенија од основните училишта и нивните родители, како и просветните работници од основните училишта. Работилниците беа реализирани и водени од експерти – психолози и социјални работници, а на нив се зборуваше за врсничкото насилство, видови и последици, како и за заштита од истото и спречување на насилството во училиштата. Работилниците траеја по 2 часа со видео презентации и практични вежби за учесниците. Во тек се подготовки за организирање на работилници во населбите Автокоманда и Железара, како и во с. Стајковци.

А4- Подготовка и печатење на пораки за борба против семејното насилство.

Пораките против врсничкото насилство ги подготви тимот на Кризен Центар „Надеж“ а беа испечатени пред одржување на активностите од печатницата Теди Трејд Ком, и беа дистрибуирани и поставени во месните заедници пред одржувањето на работилниците. Пораките се со цел да послужат за зголемување на свесноста за борбата против врсничкото насилство и истите имаат и улога за зголемување на самодовербата на жртвите и потенцијалните жртви.

А5- Изработка на завршен извештај.

Извештајот е изработен пред завршување на целосниот проект од страна на координаторот на проектот, во два дела – наративен и финансиски. За активностите кои се во подготовка и не се сѐ уште реализирани, ќе се достави дополнителен извештај до крајот на годината.

Постигнати резултати:

  • Медиумски презентиран проект на национална телевизија.
  • Испечатени и поделени едукативни материјали
  • Испечатени и залепени постери и пораки за борба против семејното насилство
  • Одржани 9 работилници со ученици, наставници и родители во месните заедници во општина Гази Баба
  • Зголемена свесност за врсничкото насилство и неговите последици

Буџет: 300.000 МКД

 

Донација од Скопскиот полу-маратон

Двајца учесници на Скопскиот полу-маратон од Велика Британија, Кристофер Браун и Стенли Харви, одлучија учеството на маратонот да го посветат на поддршката на жртвите на семејно насилство и организираа fund-raisingза поддршка на Кризен Центар „Надеж“. Собраните средства беа искористени за организирање трибини и едукации со општата популација за препознавање на проблемот семејно насилство и пријавување до соодветните институции.

 

16 дена активизам во борбата против семејното насилство

Организирана улична акција на територија на општина Гази Баба.

Поделени информативни флаери, организирани разговори со локалните жители со топол чај и колачи, пораки за поддршка на борбата против семејното насилство.

 

Учество во акцијата „Нахрани 10.000“ во организација на мрежата Сите Сити

Кризен Центар „Надеж“ како дел од мрежата Сите Сити, учествуваше во две хуманитарни акции во организација на мрежата за собирање храна за помош на социјално загрозените и ранливите категории на граѓани. Едната акција се одржа во април, а другата во октомври 2019 година и во текот на акциите беше собрана храна која беше поделена на 16 кориснички на услугите на Кризен Центар „Надеж“.

ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2020 година

Минатата 2020 година ја одбележа кризата со пандемијата Ковид-19, што донесе многу предизвици во работата. Во почетокот на кризата во месец март се соочивме со намален број на повици и згрижувања, но веќе од месец април, заради воведувањето на вонредната состојба и полицискиот час, беше очекувано дека ќе се зголеми бројот на пријавувања на случаи на семејно насилство. Персоналот во Кризен Центар „Надеж“ се соочи и со проблемот да се движи во полициски час, но соработката со МВР во одредени случаи кога мораше да се излегува во полициски час за да се згрижи жртва на семејно насилство, беше одлична и добивавме дозвола за движење и во полициски час. Состојбата со Ковид-19 значително ги зголеми и трошоците во центарот, донесените мерки за заштита беа испочитувани, набавени беа средства за заштита и дезинфекција и центарот по заминување на секоја жртва детално се дезинфицираше. Во текот на 2019 и 2020 година, беа поднесени и неколку проекти до домашни и странски фондации и организации на претходно објавени повици за проекти. Од поднесените 8 проекти, добиени беа 6 проекти, од кои 5 успешно се реализираа и завршија, додека 1 е се уште во тек на спроведување.

Реализирани проекти

Име на проектот: „Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство”
Донатор: Министерство за труд и социјална политика
Период на спроведување: јануари – декември 2020
Целна група: жртви и потенцијални жртви на семејно насилство
Опис на активноста: Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.
Постигнати резултати: Во периодот од 01 јануари до 31 декември 2020 година од страна на Кризен Центар „Надеж“ беа обезбедени следните услуги:

  1. Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство: од вкупниот број на примени повици во текот на 2020 година – 532 на националната СОС линија, од наша страна се направени:
    – 438 упатувања до ЦСР,
    – 349 упатувања до полициски станици
    – 209 упатувања до здравствени установи
    – 56 упатувања до граѓански организации.
    Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и надлежноста на институциите и организациите од цела територија на Република Северна Македонија. Во текот на 2020 година беше остварен директен контакт со:
    – Центрите за социјална работа – 299 пати
    – Полиција – 140 пати
    – Граѓански организации – 68 пати
    – Здравствени установи – 41 пати
    Годината беше значително тешка заради пандемијата со Ковид-19, па Кризен Центар „Надеж“ беше поддржан од Цивика Мобилитас и Британска Амбасада за онлајн кампања за охрабрување на жртвите на семејно насилство да го пријавуваат насилството во соодветните институции. Се започна и со пракса да се примаат пријави и советувања и упатувања со користење на онлајн алатките, односно преку Facebook, Instagram и емаил. Во врска со ова, во текот на периодот од јули до декември беа примени 164 пораки и тимот на Кризен Центар „Надеж“ соодветно одговори на сите и преку овие пораки беа договарани и онлајн сесии и советувања.

  2. Згрижувања: во просториите на Кризен Центар „Надеж“ во текот на 2020 година беа згрижени вкупно 58 лица – 30 жени и 28 деца – жртви на семејно насилство. Тие беа згрижени во кризниот период од 24-48 часа и за тој период им беше обезбедено храна, хигиенски средства, облека и лекарства. Во текот на престојот им беше обезбедена психо-социјална поддршка и советување, како и правни совети. Во текот на 2020 година, за време на престојот во КЦ „Надеж“ главно се почитувани редот и правилата на центарот, со неколку исклучоци за кои беше неопходно да се направи интервенција од Центрите за социјална работа и Министерството за внатрешни работи.

  3. Едукации: остварени беа вкупно 291 едукации со 164 жртви на семејно насилство. Во текот на едукациите им беше дадена психо-социјална поддршка, беа разработувани планови за безбедност, детали за пријавување и упатување во случај на насилство, како и детални информации за динамиката на семејно насилство и беа разработувани доживувањата и нивното актуелно функционирање со цел емоционално да се зајакнат. Едукациите се одвиваа во време траење од 1 до 2 часа, во зависност од потребите на корисничките. Повеќето од едукациите и советувањата беа одржувани онлајн, со користење на платформите ZOOM, Teams, Viber и Facebook и освен со згрижените жртви, советувања и едукации со физичко присуство не се одржуваа.

Име на проектот: „Дознај ги правата и заштити се“
Донатор: Општина Гази Баба
Период на спроведување: јануари – декември 2020
Целна група: Целна група на овој проект се граѓаните на Општина Гази Баба, односно населението од руралните и урбаните средини во рамките на оваа општина. Индиректни корисници се сите граѓани на кои со помош на овој проект им беше подигната свеста во однос на овој проблем и беа едуцирани со цел полесно да се справат со истиот, додека пак директни корисници беа жртвите на семејно насилство на кои им беше пружена соодветна помош и заштита. Целното подрачје и локацијата каде што ќе се одвива проектот е Општина Гази Баба.
Реализирани активности:
А1. Подготвување на online анкетни прашалници за истражување и компаративна анализа за сфаќањата на луѓето од урбаните средини во о. Гази Баба наспроти сфаќањата на луѓето од руралните средини од оваа општина, за тоа што претставува семејното насилство и како и на кој начин можат да се заштитат од истото.
А2. Дистрибуирање на анкетниот прашалник на социјалните мрежи
А3. Сумирање и статистичка обработка на податоците добиени од истражувањето со помош на анкетните прашалници.
А4. Изработка на компаративна анализа врз основа на добиените податоци за свеста на луѓето од урбаните средини во однос на свеста на луѓето од руралните средини во општина Гази Баба во врска со овој проблем, ризиците кои произлегуваат од него и начините на кои истиот може да биде решен.
А5. Изработување и делење на флаери со цел информирање и подигнување на јавната свест кај луѓето.
А6. Организирање на 5 работилници со жителите на општина Гази Баба – работилниците се одржуваа онлајн, согласно мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.

ПРОЕКТ: „Ослободувањето од насилство е основно човеково право“
Донатор: Австралиска Амбасада – Белград
Период на спроведување: јануари – јуни 2020
Целна група: Целна група на овој проект беа стручните лица од невладините организации и државните институции кои постапуваат при семејно насилство, односно претставници од Центрите за социјална работа, Полициските станици, Јавните Обвинителства, Здравствените установи и општините од Скопје, Тетово, Куманово и Велес.
Реализирани активности: Подготвен онлајн прашалник доставен до сите релевантни институции и организации, организирана работна средба со претставници од Центрите за социјална работа, Полициски станици, Здравствени институции, општини, Јавни обвинителства и граѓански организации од Скопје, Куманово, Велес и Тетово. Изработен прирачник за стручни лица кои постапуваат при семејно насилство. Организирани четири работилници со претставници од споменатите институции, како и граѓански организации, во сите четири градови – Скопје, Куманово, Велес и Тетово, како и завршен настан со потпишување на меморандум за соработка. Во однос на активностите, работната средба беше одржана во февруари, со физичко присуство на сите претставници, додека сите четири работилници беа одржувани онлајн преку платформата ZOOM.

ПРОЕКТ: „Борбата со семејното насилство не завршува со почеток на кризна состојба“
Донатор: Цивика Мобилитас
Период на спроведување: мај – јули 2020
Целна група: Целна група на овој проект беа жртвите на семејно насилство и потенцијални жртви, како и општата популација
Реализирани активности: Во текот на три месеци се реализираше онлајн кампања за охрабрување на оние кои се соочуваат со проблемот семејно насилство да го пријават насилството кај релевантните институции. Оваа кампања придонесе да се зголеми бројот на пријави за семејно насилство преку користење на социјалните мрежи и сите онлајн алатки што им се достапни на сите. Беше обезбедена и помош за згрижените жртви во Кризен Центар „Надеж“ при заминувањето од Центарот сите добија соодветни средства за заштита (средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, како и средства за лична хигиена).

ПРОЕКТ: „Поддршка на Кризен Центар „Надеж“ за заштита на жртви на семејно насилство“
Донатор: Британска Амбасада
Период на спроведување: јуни – септември 2020
Целна група: Целна група на овој проект беа жртвите на семејно насилство и потенцијални жртви, како и општата популација
Реализирани активности: Континуирано обезбедување на помош и поддршка на жртвите на семејно насилство, како и потенцијалните жртви со користење на онлајн алатките и СОС линијата достапна 24/7; обезбедување помош и едукација за заштита од Коронавирусот; обезбедување заштитни средства за згрижените жртви во Кризен Центар „Надеж“.

ПРОЕКТ: „Изолирана, но не сама“
Донатор: АВОН
Период на спроведување: мај – декември 2020
Целна група: Целна група на овој проект беа жртвите на семејно насилство и потенцијални жртви, како и општата популација
Реализирани активности: Со поддршка и главно водена од АВОН фондацијата, беше реализирана онлајн кампања со назив „Изолирана, но не сама“, и Кризен Центар „Надеж“ ги споделуваше, но и креираше информативни содржини за заштита на жртвите на семејно насилство, користејќи ги социјалните мрежи и канали како на АВОН, така и на Кризен Центар „Надеж“.

ПРОЕКТ: „Институционална поддршка“ Донатор: Цивика Мобилитас
Период на спроведување: јули 2020 – јуни 2022
Целна група: Целна група на овој проект е самата организација, односно персоналот во организацијата за институционално јакнење и организациски развој.
Реализирани активности: Кризен Центар „Надеж“ доби поддршка од Цивика Мобилитас за организациско јакнење и развој, со која се започна со реализација во јули 2020 година, а проектот е предвидено да трае до крајот на јуни 2022. Во рамките на овој проект предвидено е да се зголеми и зајакне соработката со државните институции во однос на поголема, соодветна и навремена заштита на жртвите на семејно насилство, но и да се зајакне превенцијата од семејно насилство. Дел од специфичните цели на овој институционален проект се и зајакната соработка со бизнис секторот за поголема поддршка и залагање од страна на овој сектор кон невладините организации, како и привлекување интерес од страна на физички лица да донираат во нашата организација. Во рамките на проектот, беа изработени Стратегии за соработка со бизнис секторот и соработка со физички лица, а во тек е и подготовка на Стратегија за соработка со државните институции. Исто така беа реализирани и 10 онлајн работилници, 5 настани на отворено, сите со цел претставување на проблемот, негова превенција и системска заштита, постапки и процедури при спроведување на заштитата, запознавање со законските права на заштита и сл. Во однос на персоналот во Кризен Центар „Надеж“, во овој проект беше спроведен менторски процес, кој заврши во мај годинава, а се однесуваше на изработка на План за организациски развој, кој треба да се спроведе во текот на следните три години. Проектот е се уште во тек.
ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИ ВО 2021 година

Минатата 2021 година беше прилично турбулентна година, имајќи ја во предвид кризата со пандемијата Ковид-19, што повторно донесе многу предизвици во работата. Мерките за заштита од Ковид-19, протоколите и препораките од Владата на Република Северна Македонија, придонесоа да се пправат измени во работењето постојано, особено во делот на заштита на персоналот и на жртвите што се згрижуваат во Кризен Центар „Надеж“. Имаше потреба од почитување на мерката за правење брзи тестови на лицата што се згрижуваат, обврзно користење на заштитна опрема и од страна на персоналот и од страна на жртвите, но и од страна на лицата што придружуваат жртви при сместување во КЦ „Надеж“, односно претставниците од Центрите за социјална работа, од Полициските станици, од Граѓанските организации и други. Здравствената криза значително ги зголеми и трошоците во центарот, донесените мерки и протоколи за заштита беа испочитувани, постојано се набавуваа средства за заштита и дезинфекција и центарот, покрај одржувањето на хигиената што вообичаено се прави по заминување на секоја жртва, Центарот детално се дезинфицираше. Во текот на 2021 година, беа поднесени неколку проекти до домашни и странски фондации и организации на претходно објавени повици за проекти. Поднесени беа 4 проекти, до УСАИД, до Европската Унија, до Балкан траст фанд и до Фонд за Западен балкан, а добиени е поддршка за 2 проекти, од УСАИД, кој е се уште во тек на спроведување и од Европската Унија, кој треба да се реализира во 2022 година.

Реализирани проекти

Име на проектот: „Заштита и згрижување на жртви на семејно насилство”
Донатори: Министерство за труд и социјална политика / Ин-плеер / Симфони
Период на спроведување: јануари – декември 2021
Целна група: жртви и потенцијални жртви на семејно насилство
Опис на активноста: Обезбедување на информации за стручна и друг вид на помош на жртвите на семејно насилство. Обезбедување на сигурен и безбеден привремен престој од 24-48 часа, поврзување и упатување во соодветни институции и зајакнување на сервисите за работа со жртвите на семејно насилство.
Постигнати резултати: Во периодот од 01 јануари до 31 декември 2021 година од страна на Кризен Центар „Надеж“ беа обезбедени следните услуги:
Упатувања и остварени контакти за случаи на семејно насилство: од вкупниот број на примени повици во текот на 2021 година – 532 на националната СОС линија, од наша страна се направени:
– 448 упатувања до ЦСР,
– 350 упатувања до полициски станици
– 177 упатувања до здравствени установи
– 68 упатувања до граѓански организации.
Контактите и упатувањата се направени согласно примениот повик и надлежноста на институциите и организациите од цела територија на Република Северна Македонија. Во текот на 2021 година беше остварен директен контакт со:
– Центрите за социјална работа – 349 пати
– Полиција – 124 пати
– Здравствени установи – 44 пати
– Граѓански организации – 54 пати
Од 2020 година беше започната и праксата да се примаат пријави и советувања и упатувања со користење на онлајн алатките, односно преку Facebook, Instagram и емаил. Во текот на целата 2021 година беа примени 484 пораки и тимот на Кризен Центар „Надеж“ соодветно одговори на сите и преку овие пораки беа договарани и онлајн сесии и советувања.
Згрижувања: во просториите на Кризен Центар „Надеж“ во текот на 2021 година беа згрижени вкупно 77 лица – 30 жени и 47 деца – жртви на семејно насилство. Тие беа згрижени во кризниот период од 24-48 часа и за тој период им беше обезбедено храна, хигиенски средства, облека и лекарства. Во текот на престојот им беше обезбедена психо-социјална поддршка и советување, како и правни совети.
Во текот на 2021 година, за време на престојот во КЦ „Надеж“ главно се почитувани редот и правилата на центарот, и не се забележани проблеми во текот на згрижувањето на жените жртви и нивните деца. Забележливо во текот на 2021 година беше дека од страна на Судовите и Јавните обвинителства се чека подолг период за изрекување привремени мерки за заштита, како и обвинителен акт.
Едукации: остварени беа вкупно 351 едукации со 166 жртви на семејно насилство. Во текот на едукациите им беше дадена психо-социјална поддршка, беа разработувани планови за безбедност, детали за пријавување и упатување во случај на насилство, како и детални информации за динамиката на семејно насилство и беа разработувани доживувањата и нивното актуелно функционирање со цел емоционално да се зајакнат. Едукациите се одвиваа во време траење од 1 до 2 часа, во зависност од потребите на корисничките. Повеќето од едукациите и советувањата беа одржувани онлајн, со користење на платформите ZOOM, Teams, Viber и Facebook и освен со згрижените жртви, советувања и едукации со физичко присуство не се одржуваа.

Име на проектот: „Заштита на жртви на семејно насилство“
Донатор: Општина Гази Баба
Период на спроведување: јануари – декември 2021
Целна група: Целна група на овој проект се граѓаните на Општина Гази Баба, односно населението од руралните и урбаните средини во рамките на оваа општина. Индиректни корисници се сите граѓани на кои со помош на овој проект им беше подигната свеста во однос на овој проблем и беа едуцирани со цел полесно да се справат со истиот, додека пак директни корисници беа жртвите на семејно насилство на кои им беше пружена соодветна помош и заштита. Целното подрачје и локацијата каде што ќе се одвива проектот е Општина Гази Баба.
Реализирани активности:
А1. Подготовка и дизајн на материјали за онлајн кампања на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Спроведена онлајн кампања на социјалните мрежи, достигната до 13.704 лица, повеќе од 1.500 следбеници на Facebook и 251 следбеници на Instagram и 193 на Twitter.
А2. Дистрибуирање на материјалите на социјалните мрежи континуирано се спроведуваше во текот на целата година.
А3. Изработување и делење на флаери со цел информирање и подигнување на јавната свест кај луѓето. Флаерите се дистрибуирани низ целата територија на општина Гази Баба, во сите урбани и рурални месни заедници, за да се опфати поголем број од населението за подигнување на свеста за проблемот на семејно насилство, негова превенција и заштита.
А4. Континуирано згрижување на жртви на семејно насилство во период од 24-48 часа во кризни ситуации. Во текот на 2021 година беа згрижени вкупно 77 лица, од кои 30 жени и 47 деца. Во текот на згрижувањето, на лицата им беше обезбедено храна, хигиенски средства, облека и лекарства. Во текот на престојот им беше обезбедена психо-социјална поддршка и советување, како и правни совети. Згрижените лица беа едуцирани и за начините на заштита од семејно насилство, како и заштита од Ковид-19, и на сите згрижени лица им беа дадени средства за лична хигиена и средства за дезинфекција пред да заминат од КЦ „Надеж“.
А5. Одржување на конференција за одбележување на 20 годишнина од постоењето на Кризен Центар „Надеж“ – беше подготвена и испечатена брошура за 20 годишното работење на КЦ „Надеж“, беа подготвени, испечатени и дистрибуирани едукативни материјали за превенција од семејно насилство пред одбележувањето. Одбележувањето се одржа на 30 ноември 2021 година, во хотел Континентал, и започна со конференција на која се обрати Претседателката на Кризен Центар „Надеж“ Маја Ацевска, Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и претставник од Центарот за социјална работа од Скопје, Андријана Павловска. Беше презентиран и проектот поддржан од општина Гази Баба, поддршката во текот на сите 20 години и беа доделени благодарници на сите партнери, поддржувачи и соработници. Кризен Центар „Надеж“ подготви и пригодни подароци за присутните на ова одбележување на 20 годишниот јубилеј.

ПРОЕКТ: „Институционална поддршка“
Донатор: Цивика Мобилитас
Период на спроведување: јули 2020 – јуни 2022
Целна група: Целна група на овој проект е самата организација, односно персоналот во организацијата за институционално јакнење и организациски развој.
Реализирани активности: Кризен Центар „Надеж“ доби поддршка од Цивика Мобилитас за организациско јакнење и развој, со која се започна со реализација во јули 2020 година, а проектот е предвидено да трае до крајот на јуни 2022. Во рамките на овој проект предвидено е да се зголеми и зајакне соработката со државните институции во однос на поголема, соодветна и навремена заштита на жртвите на семејно насилство, но и да се зајакне превенцијата од семејно насилство. Дел од специфичните цели на овој институционален проект се и зајакната соработка со бизнис секторот за поголема поддршка и залагање од страна на овој сектор кон невладините организации, како и привлекување интерес од страна на физички лица да донираат во нашата организација. Во рамките на проектот, беа изработени Стратегии за соработка со бизнис секторот и соработка со физички лица, а во тек е и подготовка на Стратегија за соработка со државните институции. Исто така беа реализирани и 20 онлајн работилници, 3 настани на отворено, сите со цел претставување на проблемот, негова превенција и системска заштита, постапки и процедури при спроведување на заштитата, запознавање со законските права на заштита и сл. Во однос на персоналот во Кризен Центар „Надеж“, во овој проект беше спроведен менторски процес, кој заврши во мај годинава, а се однесуваше на изработка на План за организациски развој, кој треба да се спроведе во текот на следните три години. Во рамки на овој проект, исто така беше спроведена и онлајн кампања, како и бројни презентации, советувања и работилници за едукација, информација и заштита од семејно насилство, како и презентирање на системската заштита на жртвите на семејно насилство. Во рамки на институционалното јакнење, во текот на 2021 година вработени се уште 3 лица во Кризен Центар „Надеж“, а воспоставени се и внатрешни процедури за благајнички фонд, за делегирање на овластувања, за банкарски картички, за исплата на хонорари, за работно време, за набавки и правилник за финансиско работење. Одржани се и две обуки за претставници на граѓанските организации и надлежните институции за подобрување на меѓусебната соработка на кои учествуваа вкупно 42 претставници од граѓански организации и институции (Центри за социјална работа, Полициски станици, Јавни обвинителства, Здравствени установи) од Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Битола, Штип, Берово и Свети Николе. Проектот е се уште во тек и во тек се спроведувања на подготвените стратегии и Планот за организациски развој.

ПРОЕКТ: „Поддршка на иновативни практики за само-грижа, добросостојба и издржливост на професионалците кои работат со жртви на родово-базирано насилство во Република Северна Македонија“
Донатор: програма CARE GBV на USAID
Период на спроведување: јули 2021 – јули 2022
Целна група: Целна група на овој проект се професионалците што работат директно со жртви на семејно насилство, претставници од граѓанските организации и институции надлежни за заштита на жртви од родово-базирано и семејно насилство.
Реализирани активности: Подготовка и усвојување на внатрешни процедури за делегирање на овластувања, за благајнички фонд, за банкарски картички, за работно време, за набавки и правилник за финансиско работење. Беа вработени уште 3 лица во организацијата, од месец август 2021 година. Беше започната комуникација со граѓанските организации и со институциите кои работат во областа за да се добијат првични информации за постоењето на практиките за само-грижа и добросостојба на професионалците, а беше спроведено и истражување на оваа тема. Во почетокот на месец декември беше организирана конференција на која беа презентирани резултатите од истражувањето и беа најавени активностите што ќе следуваат по оваа конференција. Пред конференцијата се одржа и првична средба на учесниците во проектот, на која учествуваше и заменикот амбасадор на САД во РСМ, Ерик Мејер. Беше ангажиран експерт за подготовка на програма за работа за спроведување на обуки за професионалците кои ќе се спроведуваат во почетокот на 2022 година, програмата е подготвена и во подготовка се и обуките за професионалци. Проектот е се уште во тек.

ДРУГИ АКТИВНОСТИ:
Учество на Фестивалот на граѓански организации
Македонски Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС)
Кризен Центар „Надеж“ учествуваше на Фестивалот на граѓански организации, организиран од МЦМС, што се одржа на 25 септември 2021 година во Градскиот парк во Скопје. Кризен Центар „Надеж“ имаше свој штанд на кој ги претстави своите активности, а исто така го потпиша и Кодексот на граѓански организации на самиот настан.

Биди храбра – Стоп за домашното насилство
Иницијатива започната од Билјана Ангелова, сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија во Скопје. Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство“, по предлог на сопругата на Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, се започна со активности за подигање на свесноста за овој проблем и начините на неговото решавање. Кампањата се спроведуваше низ цела Република Северна Македонија со поддршка од бројни организации и индивидуалци, како и претставници од бизнис секторот. Беше организирана конференција во соработка со Американски Универзитет во Европа – ФОН, на која учествуваа претставници од Универзитетот, од МВР, од Центрите за социјална работа, од Кризен Центар „Надеж“, Организација на жени на град Скопје, на теми поврзани со насилството врз жените и семејното насилство, како и превенција но и заштита на оние што се соочуваат со овој проблем. Отворени се телефонски броеви за донација, а собраните средства ќе бидат дадени за поддршка на жртвите на семејно насилство на организациите кои работат директно со нив, односно Кризен Центар „Надеж“, Организација на жени на град Скопје и Една може.
Во рамки на глобалната кампања 16 дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство“, претставници од Кризен Центар „Надеж“ учествуваа на неколку телевизиски емисии, а по повод одбележувањето на 20 годишното работење на Кризен Центар „Надеж“ беше подготвен и напис во магазинот „Граѓаните за промена“ од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка.
Од особена важност е добивањето на дозволата (лиценца) за работа во социјалната заштита, издадена од Министерството за труд и социјална политика на Кризен Центар „Надеж“ за услугата привремен престој на жртви на семејно насилство. Со добивањето на лиценцата, поднесено е и барање за лиценцирање на стручните лица до Заводот за социјални дејности и во тек е подготовка на група за следење на обука и полагање на стручен испит за добивање лиценца за стручни лица.
За реализација на сите активности во 2021 година, огромна благодарност за поддршката изразуваме кон Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Цивика Мобилитас, УСАИД, Билјана Ангелова – сопруга на Амбасадорот на Република Бугарија, како и особена благодарност до општествено одговорните компании Ин-плеер и Симфони.
И во 2022 година продолжуваме со активности за борба против насилството врз жените и девојките и семејното насилство и се бориме за постигнување на родовата рамноправност.