Кризен Центар „Надеж“ и ГО Плиадис во рамките на проектот „Поддршка за иновативни практики при грижата за себе си, благосостојбата и издржливоста кај професионалците кои работат со жртви на родово-базирано насилство“, финансиски поддржан од CARE GBV Програмата на УСАИД, објавуваат јавен повик за стручни лица ангажирани во граѓански oрганизации и институции кои работат со жртви на родово-базирано насилство, да земат учество на индивидуални и групни менторски сесии кои ќе бидат водени од страна на стручни, лиценцирани ментори, со помош на кои професионалците ќе успеат полесно да ги надминат стресот и траумите кои ги носи работата со оваа категорија на лица, а кои несомнено влијаат врз нивното ментално здравје.

Менторските сесии ќе се одвиваат во периодот од 04.04.2022 до 31.05.2022 година.

За потребите на овој проект ќе бидат одржани групни и индивидуални метнорски сесии на кои учесниците со своите ментори ќе работат на конкретни проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со работата со жртви на родово базирано насилство.

За да можете да бидете дел од учесниците на овие менторски сесии, потребно е да го пријавите Вашето учество на следниот линк најдоцна до 31.03.2022 година.

Изборот на учесниците ќе биде направен според принципот „прв дојден, прв услужен“.

За повеќе информации обратете се кај Митана Стевковска на следнава емаил адреса:

pravnik@krizencentar.org.mk или на тел.: 078/809002